Свет
Арапски повик на помирување
Лидерот на египетската исламистичка група Ал-Гама Ал-Исламија ги повика припадниците на Ал Каеда да ја разгледаат можноста за престанок на нападите
Лидерот на египетската исламистичка група Ал-Гама Ал-Исламија ги повика припадниците на Ал Каеда да ја разгледаат можноста за престанок на нападите врз американски цивили.
Лидерот Есам Дербала ги повика припадниците на терористичката мрежа Ал Каеда и талибанското движење да ја разгледаат понудата на претседателот на САД Барак Обама и да ги прекинат нападите врз американските цивили.
Дербала, оваа порака, ја упати откако Обама во четвртокот изјави во Каиро дека сака “нов почеток“ во односите на Вашингтон со муслиманскиот свет.
“Ги повикувам Талибанците во Авганистан и Пакистан, и Ал Каеда да ја разгледаат оваа можност и да ја стават американската страна на вистински тест на искреност во постигнување на мир со муслиманскиот свет“, изјавил Дербала.
Според него, “ова е шанса пред луѓето да се открие вистината за Барак Обама“, додавајќи дека овие организации би требало да започнат разговори со САД./крај/ме/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

