Свет
ИАТА: Авиокомпаниите ќе загубат девет млрд. долари
Светските авиокомпании ова година ќе имаат загуби од девет милиајрди долари, двојно повеќе од претходните проценки
Светските авиокомпании ова година ќе имаат загуби од девет милиајрди долари, двојно повеќе од претходните проценки.
Ова го соопшти Меѓународната асоцијација на ваздухопловни превозници (ИАТА), додавајќи дека авиопревозниците ќе се соочат со бавно закрепнуање, поради светската економска криза која влијае врз намалета побарувачка за превоз.
ИАТА, која претставува 230 авиокомпании ширум светот, претходно во март прогнозираше дека авиокомпаниите ќе претрпат загуби од вкупно 4,7 млрд. долари.
Слабата доверба на клиентите, високи трошоци за работењето, растот на цената на горивото и намалената побарувачка за превоз на патници и стока се сериозна закана за закрепнување на авиобизнисот, констатирано е на дводневниот состанок на ИАТА.
Очекувањата се дека приходот од превоз на патници ќе падне за 80 милијарди долари, или за 15 отсто во споредба со лани. Превозот на патници се очекува да падне за девет отсто, а на товар за 17 отсто. /крај/б/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Гладот се шири во Судан, 10 области загрозени до мај
Акутниот глад во Судан се прошири во пет области и, најверојатно, ќе се прошири на уште пет до мај бидејќи завојуваните страни продолжуваат да ја попречуваат хуманитарната помош потребна за ублажување на една од најтешките кризи на глад во модерното време, соопшти денеска глобалниот Комитет за преглед на гладот (ИПЦ).
Комитетот идентификува уште 17 области во Судан во опасност од глад.
ИПЦ проценува дека речиси 24,6 милиони луѓе, околу половина од Суданците, имаат итна потреба од помош во храна до февруари, што е нагло зголемување од првично проектираните 21,1 милион во јуни за истиот период.
Свет
Украина доби милијарда долари од Велика Британија и Јапонија како дел од програмата на Светската банка
Украина доби една милијарда долари од Велика Британија и Јапонија, а траншата се одвиваше под гаранции на владите на овие земји во рамките на програмата DPL на Светската банка, соопшти денеска премиерот на Украина, Денис Шмихал.
„Собраните средства ќе бидат искористени за зајакнување на нашата економија и финансирање на приоритетните расходи во социјалната и хуманитарната сфера“, рече Шмихал во објавата на „Телеграм“.
Тој им се заблагодари на Светската банка и на владите на Јапонија и Велика Британија за силната поддршка на Украина и нивниот придонес во зајакнувањето на стабилноста на Украина, пренесува „Укринформ“.
Свет
Ајфеловата кула евакуирана по дојава за пожар
Ајфеловата кула е евакуирана по дојава за пожар, јавија француските медиуми.
Изјавија дека пожарот бил забележан во еден од лифтовите на париската знаменитост и дека луѓето се евакуирани поради сопствена безбедност додавајќи дека пожарот во меѓувреме е изгаснат.
Францускиот новинар Жулиен Телие, кој работи за Boulevard Voltaire, на социјалните мрежи напиша дека пожарот бил забележан во лифтот на Ајфеловата кула помеѓу првиот и вториот кат.
Тој додаде дека речиси 1.200 луѓе биле евакуирани од локацијата и тврди дека полициски извор му рекол оти прегревање на кабелот е причина за пожарот.
Телиер потоа пренесе дека пожарот е ставен под контрола и изгаснат.