Свет
Нема да се врши генетска експертиза врз телото на Масхадов
Руските експерти нема да вршат генетска експертиза врз телото на Аслан Масхадов, иако тоа претходно беше најавувано, соопшти денеска чеченското обвинителство.
Руските експерти нема да вршат генетска експертиза врз телото на Аслан Масхадов, иако тоа претходно беше најавувано, соопшти денеска чеченското обвинителство. Идентитетот на убиениот Масхадов, според обвинителството, е потврден со визуелна идентификација од страна на неговите роднини. Во меѓувреме, за наследник на убиениот чеченски сепаратистички лидер е наименуван Абдул-Калим Шајдулјаев./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Силен земјотрес во Грција
Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Грција, објави ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на 44 километри од Пиргос, на длабочина од 20 километри.
Во близина е островот Закинтос.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 41 km S of #Pýrgos (#Greece) || 3 min ago (local time 15:18:15). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/7n5aGlNhsu
— EMSC (@LastQuake) September 28, 2024
Свет
Анкетите покажаа изедначеност на Трамп и Харис во клучните држави за победа на изборите
Резултатите од истражувањето спроведено од Њујорк тајмс и колеџот Сиена покажаа дека кандидатите на претседателските избори во САД, републиканецот Доналд Трамп и демократката Камала Харис, имаат речиси подеднаква поддршка од гласачите во сојузните држави Мичиген и Висконсин.
Како што пренесува Ројтерс, државите Мичиген и Висконсин се сметаат за клучни за исходот на претседателските избори. Според резултатите од ова истражување, Харис има 48 отсто поддршка меѓу веројатните гласачи во Мичиген, додека Трамп има 47 отсто во таа држава.
Харис има нешто поголема поддршка од гласачите во Висконсин, 49 отсто до 47 отсто од републиканскиот кандидат и поранешен претседател на САД. Анкетите покажуваат дека Трамп покажа сила во сферата на економските прашања кои се сметаат за најважни за гласачите, пред прашањата поврзани со репродуктивните права.
Анкетите покажаа дека предноста што ја имаше Харис на почетокот на август е малку намалена со инсистирањето на Трамп на економски прашања, што може да биде загрижувачки развој на настаните за актуелниот потпретседател на САД пред изборите во ноември, со оглед на тоа што економијата е најмногу важно прашање што ги придвижува гласачите, според Блумберг.
Анкетите биле спроведени телефонски меѓу 21 и 26 септември меѓу 688 веројатни гласачи во Мичиген и 680 во Висконсин, пренесува Танјуг.
Свет
ЕУ препорачува авиокомпаниите да го избегнуваат либанскиот и израелскиот воздушен простор во наредниот месец
Авиокомпаниите да го избегнуваат либанскиот и израелскиот воздушен простор во наредниот месец, препорача Европската Унија, во услови на ескалација на воздушните напади и ракетните напади меѓу Израел и Хезболах.
Европската комисија и Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската унија (ЕАСА) во соопштението предупредија на „севкупно интензивирање на воздушните напади и деградација на безбедносната ситуација“.
Тие издадоа официјална препорака „да не се оперира во воздушните простори на Либан и Израел на сите нивоа на летови“.
Оваа препорака привремено трае до 31 октомври.
„Може да се прегледа порано и да се адаптира или повлече“, се додава во соопштението.
„ЕАСА ќе продолжи внимателно да ја следи ситуацијата, со цел да процени дали има зголемување или намалување на ризиците за операторите на авиони на ЕУ како резултат на еволуцијата на заканата“, е наведено во билтенот за информации за конфликтната зона (CZIB).