Свет
Њукасл се продава за 100 милиони фунти
Англискиот фудбалски клуб Њукасл, кој сезонава испадна од Премиер лигата, денеска е ставен на продажба за 100 милиони фунти, пренесува Макфакс
Англискиот фудбалски клуб Њукасл, кој сезонава испадна од Премиер лигата, денеска е ставен на продажба за 100 милиони фунти, пренесува Макфакс.
Сопственикот на клубот Мајк Ешли, кој се збогати од продажба на спортска опрема, го купи Њукасл во 2007 година за 134 милиони фунти и вложи дополнителни 100 милиони фунти. Минатата година се обидуваше да го продаде Њукасл за 400 милиони фунти, но без успех.
Њукасл е клуб со богата традиција и голема навивачка поддршка, а негов навивач е и поранешниот британски премиер Тони Блер./крај/х/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Новиот шеф на „БМВ“ е Србин, роден во Крушевац
Милан Неделковиќ на 14 мај 2026 ќе ја преземе функцијата претседател на Управата на „БМВ АГ“, одлучи Надзорниот одбор. Тој ќе го замени Оливер Ципсе, кој повеќе од десет години е во управата и од 2019 е на нејзино чело.
Претседателот на Надзорниот одбор Никола Питер нагласи дека Неделковиќ има „јасен стратешки поглед, силна способност за реализација и изразено претприемачко размислување“, како и дека знае да ги мотивира луѓето – што го прави важен лидер во трансформацијата на БМВ.
Милан Неделковиќ, роден во Крушевац, Србија, е член на Управата од 2019 како одговорен за производството. Во БМВ работи од 1993 година и имал повеќе водечки позиции во Оксфорд, Лајпциг, Минхен и во корпоративната единица за квалитет. Неговиот мандат како претседател на Управата ќе трае до 2031 година.
Ципсе, кому мандатот му беше продолжен поради исклучок од старосната граница, ќе се пензионира по собранието на 13 мај 2026 по 35 години во компанијата. Питер ја истакна неговата улога во водењето на фирмата низ глобални кризи.
Претседателот на Главниот работнички совет Мартин Кимих додаде дека Неделковиќ ужива голема доверба меѓу вработените и дека ќе продолжи традицијата на партнерска соработка во компанијата.
Свет
Милијардерот Бабиш е новиот премиер на Чешка
Чешкиот претседател Петр Павел го назначи Андреј Бабиш, лидерот на движењето „Акција на незадоволни граѓани“ (АНО), за премиер на републиката, објави CT24.
Во октомври, партијата АНО на Бабиш победи на чешките парламентарни избори, освојувајќи приближно 34,7 отсто од гласовите. После тоа, претседателот му ја довери задачата да преговара за формирање нова влада.
Бабиш (71) е политичар милијардер: Форбс го проценува неговото богатство на 4,3 милијарди долари. Тој беше ко-сопственик на холдингот „Агроферт“, кој управува со повеќе од 210 компании во различни сектори, од земјоделство до обновливи извори на енергија и медиуми.
Свет
(Видео) Пожар во зграда во главниот град на Индонезија, најмалку 13 мртви
Пожар избувна во седумкатна зграда во индонезискиот главен град Џакарта, објави локалниот телевизиски сервис Компас ТВ, при што 13 лица се потврдени како мртви, а некои сè уште се заробени во зградата.
Пожарот е изгаснат и евакуациите на зградата продолжуваат, објави Компас ТВ.
15.45 #InfoSonora#Udpate
Kebakaran di Gedung Terra Drone, Jln. Letjend Suprapto No.17 Kel.Cempaka Putih masih dalam proses pemadaman. Kabarnya banyak pekerja yg terjebak, 17 orang dikabarkan meninggal dunia.Via @kontributorjakarta dan @KompasTV pic.twitter.com/nOh43eSz8Y
— Radio Sonora Jakarta (@SonoraFM92) December 9, 2025
Во зградата се наоѓаат канцелариите на „Тера Дрон Индонезија“, која обезбедува дронови за воздушно фотографирање за клиенти од различни сектори, вклучувајќи рударство и земјоделство.
На снимките објавени од телевизијата Компас се гледаат десетици пожарникари како се обидуваат да евакуираат луѓе во зградата, а некои носат вреќи за тела.

