Контакт

Свет

Постигнат договор за нацрт резолуција против Северна Кореја

Објавено пред

Седумте светски сили се договорија за воведување нови, построги санкции на Обединетите нации (ОН) против Северна Кореја

Седумте светски сили се договорија за воведување нови, построги санкции на Обединетите нации (ОН) против Северна Кореја.

Ваквата одлука е донесена откако Северна Кореја се оглуши на повиците на советот за безбедност на ОН и ги продолжи нуклеарните тестирања, соопшти синоќа дипломатите.

Новите санкции предвидени со нацрт резолуцијата вклучуваат построги инспекции на бродовите кои превезуваат стока за или од Северна Кореја, проширување на ембаргото на оружје или финансиски санкции.

Амбасадорите на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН – САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција, како и Јапонија и Јужна Кореја постигнаа договор за нацрт резолуција на ОН по преговорите кои траеја две седмици.

Гласањето за резолуцијата е најавено за утре./крај/бе/амп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Во Хонгконг уапсени три лица поради тестирање експлозиви

Објавено пред

Полицијата во Хонг Конг соопшти дека денеска уапсила тројца мажи заради тестирање експлозиви од домашно производство, за кои се сомневаат дека се наменети за користење на протестите во градот .

Апсењата следеле по откривањето на неколку експлозивни направи, јави „АП“.

На почетокот на неделата полицијата соопшти дека биле деактивирани две бомби од домашна изработка што можеле да бидат активирани со мобилни телефони.

Медиумите потсетуваат дека полицијата во текот на летото заплени околу два килограма експлозивна материја што се користи во нападите на милитантите ширум светот.

Прикажи повеќе...

Европа

Невреме во Франција – едно лице загина, а петмина се повредени

Објавено пред

Едно лице почина, а петмина се повредени на југозападот од Франција заради силните ветрови што на атлантското крајбрежје дуваа со јачина од 140 километри на час, јавија француските медиуми.

Околу 400.000 домови останаа без електрична енергија, соопштија локалните власти.

Како што се наведува, животот го загубил 70-годишен возач на автомобил кој налетал на урнато стебло на патот, објавија пожарникарите.

Ветрот туркал стебла врз возила на патиштата, при што пет други лица биле повредени, од кои двајца се наоѓале во тешка сосотјба, пренесе каналот Њуз Азија.

Силните ветрови го кренале покривот на едно училиште, но оттаму нема информаци за повредени.

Портокалова узбуна е прогласена во 23 департмани од југозападот и северот на земјата, како и на Алпите и на Корзика, главно заради силните ветрови и поплавите.

И на Медитеранот се забележани силни ветрови кои создадоа прекин во електричната енергија на брегот.

На кратко во прекин беше железничкиот и поморскиот сообраќај, а имаше и одложување на авионски летови.

На Алпите, француската метеоролошка служба предупреди на опасност од лавини.

Прикажи повеќе...

Европа

Џонсон: Нема втор референдум за независност на Шкотска

Објавено пред

Британскиот премиер Борис Џонсон и порача на шкотската лидерка Никола Старџен дека нема да има нов рефердендум за независност на Шкотска.

Тој рече дека мора да се почитува резултатот од претходното изјаснување на граѓаните во 2014 година.

Лидерката на Шкотската национална партија (СНП) Никола Старџен вчера изјави дека сега е време земјата да одлучи за својата иднина и дека нејзината администрација следната недела ќе ги отвори правните процедури за распишување референдум за независност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

Николоски тврди дека со СДСМ имале договор: За изборниот модел требаше да преговараме по изборите

Преговорите за Изборниот законик практично влегоа во ќор сокак, по вина на власта којашто на подмолен и недемократски начин, сака...

Македонија1 час

Дескоска, Здравев и Џолев на примопредавање на златната метла

Министерката за правда, пред почетокот на денешната акција за чистење на претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев му ја подари...

Македонија3 часа

Коце Трајановски нема да биде гонет за конкурсот за Водовод, застарело делото

Ексградоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и уште три други лица нема кривично да одговараат за злоупотреба на службената положба...

Топ3 часа

Патнички воз удри во автомобил, жена со повреди заврши во болница

Вчера напладне на железничка пруга Велес-Кочани, на патен премин кај селото Лозово, се случи железничка незгода во која патничкиот воз...

Европа4 часа

Џонсон: Нема втор референдум за независност на Шкотска

Британскиот премиер Борис Џонсон и порача на шкотската лидерка Никола Старџен дека нема да има нов рефердендум за независност на...

Свет4 часа

Северна Кореја изведе нова нуклеарна проба

Северна Кореја ја инофмрира светската јавност за нов „важен тест“, направен на космодромот Сохе во земјата, пренесоа руските медиуми. „На...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева го злоупотребила буџетот на СЈО за роднини и пријатели

Катица Јанева , под заштита на Зоран Заев, била дел од милионска рекет шема, но и го злоупотребувала буџетот на...

Македонија20 часа

(Видео) Морачанин: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се вадат дека не биле информирани, од септември зборуваме за една изборна единица

По тензичниот ден во Собранието каде што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со поднесување на илјадници амандмани ја блокираа расправата за измени...

Топ21 час

Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Скопје

Управата за финансиска полиција  поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Е.А., поранешна директорка на средното училиште „Браќа...

Македонија22 часа

Поднесено обвинение против Јанакиески и уште 10 лица за предметот „Шпански скали“

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција  достави обвинение до кривичниот суд против 11 лица за предметот популарно наречен „Шпански...

Топ22 часа

Ексамбасадорот Томислав Димитровски репетирал пушка и ја вперил кон соседот додека се расправале во зградата

Поранешниот амбасадор во Љубљана, Томислав Димитровски вчера репетирал пушка и ја вперил кон сосед, за време на расправија во зграда...

Македонија1 ден

(Видео) Поповска: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандманите за да се откочи можноста за една изборна единица

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, една од 17-те иницијатори за законот за една изборна едниница од собраниската прес-сала, рече дека...

Македонија1 ден

Пендаровски за „Шпигел“: Стравуваме дека ќе станеме втора Турција

Макрон ми рече дека помалку станува збор за нас, а повеќе за ЕУ, на која ѝ треба време за реформа на...

Македонија1 ден

Илија Димовски бара одлагање на „Талир“, две поротнички имаат по 60 години

Обвинетиот Илија Димивски во предметот „Талир“ на почетокот на судењето рече дека две од поротничките навршувале 60 години старост и...

Свет1 ден

Американскиот Сенат одобри резолуција, убиствата на Турците врз Ерменците ги призна за геноцид

Американскиот Сенат денеска одобри резолуција со која убиствата на Ерменците извршени од османлиските Турци пред повеќе од еден век ги...

Свет1 ден

Борис Џонсон прогласи победа на конзервативците

Британскиот премиер, Борис Џонсон, прогласи победа на својата Конзервативна партија, која освои убедливо мнозинство на изборите што се одржаа вчера....

Свет1 ден

Зеленски: Нема да се случи втора Сребреница

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, изјави дека во Донбас нема да се случи Сребреница, затоа што Украина, како што вели,...

Македонија2 дена

Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да...

Свет2 дена

Џон Саливен именуван за нов амбасадор на САД во Русија

Нов американски амбасадор во Русија ќе биде Џон Саливен, актуелен заменик на американскиот државен секретар. За него гласале 70 сенатори,...

Свет2 дена

Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште...

Досие