Свет
Ер Франс ќе добие 76,4 мил. евра од осигурителните компании за Ербасот
Авиокомпанијата Ер Франс ќе добие обештетување од 76,4 милиони евра од осигурителните компании за загубата на авионот А330, што падна во Атланскиот о
Авиокомпанијата Ер Франс ќе добие обештетување од 76,4 милиони евра од осигурителните компании за загубата на авионот А330, што падна во Атланскиот океан.
Ова, како што пренесува Макфакс, го соопшти портпаролот на компанијата Axa Corporate Solutions.
Авионот бил осигуран во повеќе осигурителни компании, меѓу кои и Axa Corporate Solutions, која е филијала на француската компанија Axa, претставник на сите осигуреници во Ер Франс.
Axa Corporate Solutions ќе земе 12,5% од сумата или 8,4 милиони евра, прецизираше истиот извор.
Просечната каталошка цена на авионот А330-200 е 180,9 милиони долари(околу 130 милиони евра).
Во врска со обештетувањата на кои имаат право жртвите, осигурителната компанија соопшти дека уште „е многу рано да се даде реалистична цифра“.
Во исчезнатиот авион патуваа 228 луѓе. /крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

