Свет
Кина со профит од 176 мил. долари од ЛОИ
Кина остварила чист профит од 176 милиони долари на минатогодишните Олимписки игри
Кина остварила чист профит од 176 милиони долари на минатогодишните Олимписки игри.
Според книговодственото биро на владата, на организација и одржување на Летните игри се потрошени 2,8 милијарди долари, додека приходот изнесувал три милијарди долари.
Најголема заработувачка од 40 отсто дошла од продажбата на тв правата, влезници, сувенири, комеморативни монети и марки.
Трошоците ги опфаќаат само оперативните трошоци, без вложување во инфраструктурата како што се аеродроми, патишта и подземни железници за градот од 18 милиони жители. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Снежно невреме во Хрватска, 48 луѓе останаа заробени во автомобили меѓу нив и деца: Го поминавме Божиќ смрзнати
Вчера неколку лица, меѓу кои и пет деца, останаа заробени во автомобили кои беа покриени со снег кај Кореница. Јавната противпожарна станица на Плитвичките езера на својот Фејсбук објави дека нешто по 17 часот добила дојава од полицијата дека има завеани возила во областа.
Спасувањето, велат, се одвивало во најтешки можни услови, а од возилата биле извлечени 48 лица.
„Подигнати беа и силите на ДВД Плитвички езера, а на локацијата Кељево Брдо беа испратени пожарникари на ЈВП Плитвички езера и 9 пожарникари на ДВД Плитвички езера во 4 возила.
Успеваме да се пробиеме делумно со возила, а остатокот пешки на најсилните налети на ветерот и да се погрижиме за сите заглавени патници.
11 лица, од кои пет деца, се сместени со добри луѓе во топли домови, 35 лица се симнати од погрешно поставени возила пеш до Бјело поље, каде полицијата со комбиња ги носи во Удбина. Две лица пеш придружувавме до Кореница и ги ставивме на топло место.
Така го поминавме Божиќ на снег, смрзнати, но среќни бидејќи сите беа згрижени“, напишаа надлежните на Фејсбук како резиме од спасувањето и додадоа дека во текот на денот имале уште две интервенции, згрижување животно и една поплава поради покачувањето на нивото на реката, пренесува Јутарњи.
Свет
Бебе почина од студ во Газа
Бебе старо две недели почина во средата како последица на екстремен студ во Појасот Газа, пренесуваат светските медиуми.
Раселеното семејство Фасих е привремено сместено во импровизиран шатор во областа Ал-Маваси во Кан Јунис, каде што почина ќерка им.
Телото на девојчето подоцна било пренесено во болница во Кан Јунис.
На 5 октомври Израел почна голема копнена операција во северниот дел на Газа за наводно да спречи прегрупирање на палестинската група Хамас. Сепак, Палестинците го обвинуваат Израел дека сака да ја окупира областа и насилно да ги исели нејзините жители.
Оттогаш на територијата не е дозволено да влезе доволна хуманитарна помош, вклучувајќи храна, лекови и гориво, оставајќи го преостанатото население на работ на глад.
Минатиот месец Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел исто така се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во Газа.
Регион
Брнабиќ: Хрватска посакува смена на Вучиќ, тие повеќе се грижат за Србија
Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, реагира на изјавата на хрватската претседателска кандидатка од „Можеме“ дека „во стратешки интерес на Хрватска е Александар Вучиќ да не е на власт“.
Брнабиќ рече дека оваа изјава е пример за директно мешање во внатрешните работи на една земја и дека доколку нешто е во стратешки интерес на една земја, сите нејзини институции се посветени на тоа, особено разузнавачките и безбедносните служби, пренесува „Индекс“.
„Изјавата на еден од претседателските кандидати, односно кандидатот за претседател на Република Хрватска, во последната недела од претседателската кампања, дека стратешки интерес на Република Хрватска е Александар Вучиќ да не биде на чело на Србија, пред сè, претставува целосно отворено и најбрутално мешање во внатрешните работи на Република Србија. Замислете некој во Србија да го каже тоа. Тие повеќе се грижат за Србија отколку за Хрватска“, рече Брнабиќ.
„Значи, тоа е дефиницијата на поимот мешање во внатрешните работи на друга држава. И, второ, конечно е крунскиот доказ, не инсинуација, туку доказ дека хрватските институции, не само нивните институции, туку и разузнавачките и безбедносните служби, даваат финансиска и логистичка поддршка на насилната и недемократска промена на власта во Србија и се работи на смена на Вучиќ“, рече Брнабиќ.
„За сите граѓани е неоспорно дека Александар Вучиќ има мнозинска поддршка. Значи, ако сакате да го урнете, а сакате затоа што тоа е ваш стратешки интерес, тогаш работете на тоа финансиски, логистички и паметно“, рече претседателката на Собранието.
„Сега слушнавме и сега целиот мозаик полека се склопува и ние всушност можеме да видиме што се случува“, заклучи Брнабиќ.