Свет
Катанец нов селектор на ОАЕ
Поранешниот македонски и словенечки селектор Сречко Катанец во вторник и официјално ќе ја преземе репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати
Поранешниот македонски и словенечки селектор Сречко Катанец во вторник и официјално ќе ја преземе репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Ова, како што пренесува Макфакс, го објавија денеска словенечките медиуми, додавајќи дека помошник на Катанец ќе биде поранешниот тренер на Домжале и Целје, Славиша Стојановиќ.
Раководството на фудбалската федерација на ОАЕ го избра Катанец за нов селектор во конкуренција на Саудиецот Јусуф Абдула.
Катанец на селекторското место ќе го замени Французинот Доминик Батенја, кој не успеа да ги однесе ОАЕ на Светското првенство 2010./крај/х/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Азербејџан: Меѓународната комисија почна да ги истражува причините за падот на авионот
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев изјави денеска во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин дека меѓународната комисија почнала да ги истражува причините за падот на патничкиот авион на Азербејџан ерлајнс, што се случи на 25 декември во близина на градот Актау во Казахстан.
Алиев рече дека авионот на Азербејџан ерлајнс бил изложен на надворешно влијание во рускиот воздушен простор и дека пилотот последователно ја изгубил контролата над леталото, пренесе РИА Новости.
Во денешниот телефонски разговор со Алиев, Путин детално разговарал за прашањата поврзани со падот на патничкиот авион на Азербејџан ерлајнс, соопшти Кремљ.
Во соопштението се наведува дека Путин се извинил за фактот што трагичниот инцидент се случил во рускиот воздушен простор и уште еднаш изразил длабоко и искрено сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакал брзо закрепнување.
Во разговорот меѓу Путин и Алиев било истакнато дека азербејџанскиот патнички авион повеќепати се обидел да слета на аеродромот во Грозни кога руските системи за противвоздушна одбрана ги одбиле нападите на украинските беспилотни летала.
Во моментов, двајца службеници на Јавното обвинителство на Азербејџан се во Грозни, каде работат заедно со претставници на Јавното обвинителство и Истражниот комитет на Руската Федерација.
Надлежните служби на Русија, Азербејџан и Казахстан тесно соработуваат на местото на падот на патничкиот авион во близина на градот Актау.
Авионот се урна во средата за време на планираниот лет од главниот град на Азербејџан, Баку, за Грозни во Чеченија, откако беше пренасочен и се обиде да изврши принудно слетување во близина на градот Актау во западен Казахстан.
Во авионската несреќа загинаа 38 лица, а 29 беа повредени, од кои многумина се здобија со тешки изгореници.
Свет
(Видео) Руската воздушна одбрана беше активна кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обиде да слета, рече Путин
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските системи за противвоздушна одбрана биле активни кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обидел да слета во Грозни, Чеченија во средата. Во своите коментари, Путин не кажа дека руската воздушна одбрана го погодила авионот, пишува „Си-ен-ен“.
Авионот не можел да слета и се пренасочил кон исток, а на крајот се урнал во близина на Актау, Казахстан, при што загинаа 38 лица.
Не е потврдено што се крие зад инцидентот, но американски официјален претставник изјави за „Си-Ен-Ен“ во четвртокот дека раните индикации укажуваат дека руски противвоздушен систем можеби го соборил патничкиот авион.
Путин се извини за фактот што трагичниот инцидент се случи во рускиот воздушен простор во телефонски разговор со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, се вели во соопштението на Кремљ.
Кремљ соопшти дека авионот се обидел да слета на аеродромот во Грозни, но во исто време областите Грозни, Моздок и Владикавказ биле нападнати од украински борбени беспилотни летала, а руските системи за противвоздушна одбрана ги одбиле овие напади.
Рускиот истражен комитет отвори случај во врска со катастрофата, се вели во соопштението.
Во изјавата во петокот, министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха рече дека руските медиуми лажеле за причината за падот, додавајќи дека Москва го принудила оштетениот авион да го премине морето, најверојатно во обид да ги скрие доказите за нивното злосторство.
Свет
Путин го потпиша законот: Странците можат да бидат осудени на 15 години затвор за помагање на руските противници
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон во кој се вели дека странските државјани можат да бидат осудени на 15 години затвор за помагање на руските противници.
Законот предвидува кривична одговорност и затворска казна од 10 до 15 години за сите странски државјани и лица без државјанство кои ќе пружат финансиска, материјално-техничка, консултативна или каква било друга помош на противник на територијата на Русија, пренесе „Спутник“.
Тоа се активности кои очигледно се насочени против безбедноста на Русија.
Покрај затворската казна, предвидена е и парична казна до 500.000 рубљи или висината на платата или другите приходи на осудениот за период до три години.
Според законот, едно лице може да биде ослободено од одговорност ако навремено придонесело да се спречи оштетување на интересите на Русија.
Законот предвидува и затворска казна до осум години за соработка на странски државјани со претставници на други земји во активности против безбедноста на Русија.