Свет
САД и Русија со нова рунда преговори за нуклеарно разоружување
Нова рунда преговори меѓу Русија и САД за идниот договор за нуклеарно разоружување ќе се одржи денеска и утре во Женева, пренесува Макфакс
Нова рунда преговори меѓу Русија и САД за идниот договор за нуклеарно разоружување ќе се одржи денеска и утре во Женева, пренесува Макфакс.
Според Андреј Нестеренко, портпарол на руското Министерство за надворешни работи, првите резултати од преговорите за договорот што треба да го замени постоечкиот договор СТАРТ, би требало да бидат претставени на самитот Русија-САД во Москва.
„Поаѓаме од тоа претседателите (Дмитриј Медведев и Барак Обама) да можат да ги соопштат резултатите на самитот во јули“, рече Нестеренко.
Русија и САД на почетокот на јуни ја завршија втората рунда преговори во Женева.
Двете страни треба да се договорат за новиот договор бидејќи сегашниот истекува кон крајот на годината. Благодарејќи на договорот СТАРТ од 1991, Русија и САД до денеска за третина го намалиле својот нуклеарен арсенал. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

