Свет
ОН усвои декларација како одговор на економската криза

Над 140 држави синоќа во Обединетите нации (ОН) постигнаа договор за глобален одговор на најлошата економска криза во последните 70 години
Над 140 држави синоќа во Обединетите нации (ОН) постигнаа договор за глобален одговор на најлошата економска криза во последните 70 години.
Со договорот, кој беше усвоен со акламација, на Обединетите нации и е доверена нова улога да ги претставува најтешко погодените земји во развој.
Документот не е обврзувачки, иако со него се наведува дека решавањето на глобалната економска криза неможе да им се препушти само на најразвиените земји, туку мора во предвид да се земе мислењето на сите 192 земји членки на ОН. /крај/по/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ ќе се обрати во 22 часот

Српскиот претседател Александар Вучиќ се огласи на својот Инстаграм профил и напиша порака од само два збора.
– Да живее Србија – напиша Вучиќ.
Како што пренесува Танјуг, Вучиќ најави дека вечерва во 22 часот ќе им се обрати на граѓаните.
Регион
(Видео) Српското МВР процени дека на протестот во Белград присуствувале 107.000 луѓе, инциденти нема

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека според проценките на полицијата, на сите локации во Белград има околу 107.000 луѓе, од кои најголем број доаѓаат од внатрешноста.
Поголеми инциденти или нарушување на јавниот ред и мир досега немало, соопшти МВР.
Slavija Square,Belgrade, right now. pic.twitter.com/m6Jc9PK3Pe
— 🇺🇦 paolo rel (@paolobucci18) March 15, 2025
Во моментов, студентските редари заедно со моторџиите се обидуваат да го расчистат просторот околу Собранието и да ги пренасочат демонстрантите кон Славија за да ја намалат можноста за инциденти.
Тие велат дека треба да се пренесе дека собирот е мирен, да не се користи пиротехничка опрема и никој да не паѓа на провокации.
Во Белград во тек е протестот 15 за 15.
Регион
(Фото+видео) „Тука сме затоа што предолго страдавме, но нема повеќе“ рече студентка на протестот во Белград

Во главниот град на Србија се одржува протест организиран од студенти кои веќе три и пол месеци ги блокираат универзитетите низ земјата, барајќи политичка и правна одговорност за смртта на 15 лица при уривање на настрешница во Нови Сад. На собирот не се забележани никакви инциденти.
Студентка на Славија која читаше говор на сцената рече „ние сме тука затоа што предолго страдавме, но нема повеќе“, додавајќи дека „повеќе нема да се дозволи корупцијата да загрозува нечиј живот“.
„Тука сме затоа што повеќе нема да дозволиме да ни ја одземате слободата, затоа што меѓусебно се заштитуваме, како што го лишивте студентот Реља и другите граѓани на протестот во Нови Сад. Тука сме затоа што повеќе нема да дозволиме функционери од која било партија организирано да напаѓаат студенти, како што ги нападнаа студентите на Факултетот за драмски уметности“, рече таа.
Студентката во својот говор истакна дека студентите повеќе нема да дозволат да бидат газени, како што ги газеа музичарите на белградската филхармонија, лекарите и студентите Соња и Кристина …
„Тука сме затоа што повеќе нема да дозволиме да не тепате со палките што ги чувате во партиските простории, како што ја тепавте студентката Ана. Тука сме затоа што повеќе нема да дозволиме да не лажат и навредуваат, како што тоа го прави јавниот медиумски сервис и државниот врв од самиот почеток на студентските блокади. Тука сме затоа што повеќе нема да ви дозволуваме да споделувате отпуштања врз основа на објави на социјалните мрежи, како што споделивте со работниците на ЕПС“, рече студентката.
🇷🇸✨Београд✨🇷🇸
🇷🇸✨15.🇷🇸03.🇷🇸2025.✨🇷🇸 pic.twitter.com/incb4YLX7Y— dnevnadozaludosti (@kikiolichica) March 15, 2025
Протестот во Белград се одржува по масовните собири организирани од студентите во Нови Сад, Крагуевац и Ниш.
ŽIVJETI SLOBODNO! ❤️ #Beograd pic.twitter.com/wBAfUQEuF4
— Илијана Милановић (@m_ilijana) March 15, 2025
Неколку дена претходно, студентите тргнаа пеш од неколку правци кон Белград, каде што пристигнаа во петокот вечерта, а во главниот град им беше приреден свечен пречек.