Свет
Џексон ги доверил децата на неговата мајка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/fa10eb7c-9616-498a-87e3-37f92b56a53e.jpeg)
Тестаментот на Мајкл Џексон е внесен во Врховниот суд на Лос Анџелес и во него пејачот на својата мајка и ја доверува грижата за неговите три деца
Тестаментот на Мајкл Џексон е внесен во Врховниот суд на Лос Анџелес и во него пејачот на својата мајка и ја доверува грижата за неговите три деца, а во случај, таа да почине – на пејачката Дајана Рос.
„Доколку некои од моите деца се неполнолетни во моментот на мојата смрт, јас и ја доверувам на мајка ми Катрин Џексон грижата за тоа или тие деца и неговото или нивниот имот”, пишува во тестаментот
„Ако Катрин Џексон не ме надживее или не е во состојба, не сака да биде старател, јас ги доверувам на Дајана Рос моето или моите деца и нивниот имот“, додава тој.
Во тестаментот се наведува дека богатството на пејачот се предава на фондацијата на семејството на Мајкл Џексон (“Michael Jackson Family Trust”). Во документот не се прецизира кои се членовите на фондацијата./крај/бгнес/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
Влезниците во Венеција ќе се вратат напролет, се зголемува цената за eднодневна посета
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/venecija45.jpg)
Плаќањето влезници во Венеција за дневните посетители се враќа во април, но овој пат тие ќе треба да издвојат двојно повеќе пари – таксата се зголемува од 5 евра на 10, јавува Си-Ен-Ен. Покрај зголемувањето на таксата, таа ќе се применува и за речиси двојно повеќе датуми од лани.
Откако стана првата во светот која воведе влезница за дневните посетители во 2024 година, Венеција ја удвои шемата за претстојната сезона, со 54 датуми за наплата, за разлика од 29 минатата година.
Датумите започнуваат континуирано од 18 април до 4 мај, а потоа продолжуваат секој петок, сабота и недела од мај до крајот на јули. Како и досега, таксата ќе се наплатува од посетителите кои немаат резервација за ноќевање во градот од 8:30 до 16 часот.
Надоместокот од 10 евра ќе биде преполовен за оние кои ќе резервираат влез четири или повеќе дена однапред. „Пилот проектот (од 2024 година) беше успешен“, рече Симоне Вентурини, градски советник за туризам, на саемот за туризам БИТ во Милано.
„Целта останува иста: да се создаде нов систем за управување со туристичките текови и да се обесхрабри екскурзискиот туризам во неколку периоди, во согласност со сензитивната и единствена природа на градот, да се гарантира почитувањето што го заслужува“.
Тој рече дека други дестинации од „остатокот од светот“ ги контактирале венецијанските власти за да се распрашаат за шемата. Податоците од минатогодишниот регистар на посетители покажуваат дека во Венеција дошле туристи од 194 земји во светот. По Италијанците, Американците беа следната најголема група, а потоа Германците и Французите.
Регион
(Видео) Се појави нова снимка од земјотресот во Хрватска: „Се тресеше 5-6 секунди, стравот беше голем“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/f_36218834_1280.jpg)
Далмација вчера беше потресена од земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 15 километри североисточно од Стариград Пакленица. Земјотресот е регистриран со сеизмографи на Сеизмолошката служба на Република Хрватска во 18 часот и 43 минути, а интензитетот во епицентарот бил VI степени според ЕМС скалата.
Земјотресот е почувствуван во поширокото подрачје на Задар, во Лика, Далмација, како и во делови од соседна Босна и Херцеговина.
„Регистриравме силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала. Во следните неколку часа регистриравме три до четири послаби земјотреси, со магнитуди меѓу 1,7 и 2,9 степени“, изјави за ХРТ, сеизмологот Крешимир Кук.
Жителите од различни делови на округот Задар на социјалните мрежи опишаа како чувствувале силни потреси.
„Кафулето беше преполно и наеднаш имаше благ потрес, проследен со силен удар, како да експлодирала мина. Сите истрчавме надвор“, опиша еден жител.
„Се се тресеше. Најпрво се чувствуваше како минува нешто низ земјата, а потоа земјотресот траеше околу пет-шест секунди. Сите излегоа на улица. Ниту една тула не се сруши, па немаше поголема штета, но стравот беше голем“, додал друг жител.
ХРТ објави нова снимка од земјотресот снимена од надзорните камери во Стариград Пакленица.
Регион
(Видео) Вучиќ во „Тик ток“ предизвик: Решија од мене да направат мечка на панаѓур, ми ставија четири газирани пијалаци, а јас треба да погодувам
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-12-062035.jpg)
Српскиот претседател Александар Вучиќ на својот профил на „Тик Ток“ објави хумористично видео.
Имено, тој одговорил на предизвик на оваа платформа во кој погодуваше каков газиран пијалак пие. Вучиќ на снимката пиеше четири различни газирани пијалаци (Кока-Кола, Кока-Кола Зеро, Пепси и Кокта).
Успеа да го погоди само вкусот на Кокта.
@jasamaleksandar Meni je sve ovo isto. Ako baš mora, dajte koka-kolu zero, za nas punačke. 😅 #jasamaleksandar ♬ original sound – Ja sam Aleksandar
„Откако решија од мене да направат мечка на панаѓур, тука ми ставија четири газирани пијалаци. А сега треба да погодам која е Кока-Кола, која Пепси, која Кокта, а која Зеро“, рече Вучиќ, а потоа додаде:
„Цел живот пијам Зеро, сè ми е збркано“.