Свет
Невработеноста во еврозоната достигна рекордни 9,5%
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/110f769d-fae0-4967-bd9e-b50a9e1bcb86.jpeg)
Нивото на невработеноста во 16-те држави на еврозоната во мај достигна рекордни 9,5 проценти, официјално е соопштено
Нивото на невработеноста во 16-те држави на еврозоната во мај достигна рекордни 9,5 проценти, официјално е соопштено.
Во еврозоната, како што пренесува Макфакс, во мај биле изгубени околу 273 илјади работни места, со што невработеноста достигна највисоко ниво од 1999 година.
Комапниите во еврозоната продолжуваат да отпуштаат работници и покрај напорите на властите да се изборат со рецесијата. /крај/ф/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Данците започнаа петиција за купување на Калифорнија од САД: собраа околу 200.000 потписи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/avion-tramp.jpg)
Како одговор на идејата на американскиот претседател Доналд Трамп да го купи Гренланд, во Данска е покрената петиција оваа европска земја да ја купи Калифорнија од САД. Сатиричната петиција досега ја потпишале повеќе од 200.000 Данци, а целата приказна е поткрепена со зборовите дека на Данска и се потребни „сонце, палми и ролери“.
„Имаме можност што се случува еднаш во животот и сакаме да го оствариме тој сон. Ќе донесеме велосипедски патеки, владеење на правото, универзална здравствена заштита и политика заснована на докази во Холивуд“, се наведува во петицијата.
По пристигнувањето во Белата куќа, новостариот американски претседател Трамп, покрај купувањето на Гренланд, сакаше Канада да стане 51-та американска држава, неговата земја да стане сопственик на Панамскиот канал, побара американска сопственост на Газа, а Мексиканскиот залив го преименува во Американскиот залив. Американскиот „Гугл Мапс“ веќе ја направи таа промена.
Медиумите претходно објавија за жесток телефонски разговор меѓу Доналд Трамп и Мете Фредериксен, премиерката на Данска, на тема Гренланд, а Фредериксен повеќе пати повторуваше пред и потоа дека Гренланд не е на продажба и дека, од перспектива на данската влада, припаѓа на луѓето кои живеат на Гренланд.
Европа
(Видео) Масивен руски напад со балистички ракети врз Киев: „Вака Путин сака да ја заврши војната“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/napad-ukraina.jpg)
Во утринските часови руската војска извршила ракетен напад врз Киев, соопштија украинските власти.
„Вака Путин сака да ја заврши војната. Русија изврши ракетен напад врз Киев и неговата околина“, изјави Андриј Јермак, началник на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека најмалку едно лице загинало, а неколку пожари избувнале во станбени и нестанбени згради.
UPDATE: Additional documentation showing residential buildings in Kyiv, Ukraine on fire following a ballistic missile attack by Russia. https://t.co/WvKd5OoJAa pic.twitter.com/hfvlV0xkKK
— Hexdline (@HexdlineNews) February 12, 2025
Неколку лица се повредени, меѓу кои и едно деветгодишно девојче во областа Оболон, откако ракета погоди деловна зграда, соопшти Државната служба за итни случаи на Украина. Двајца од повредените завршиле во болница, но не се знае тежината на повредите.
Предупредувањето за воздушен напад се појави дури на почетокот на нападот, што сугерира дека украинската одбрана не можела навреме да го открие нападот со радар. Сè уште не е официјално познато какви проектили употребила руската војска во оваа прилика. Прелиминарните извештаи покажуваат дека четири балистички ракети Искандер биле истрелани кон главниот град, пишува Киев Индипендент.
Massive russian missile attacks on Kyiv.
And a few hours earlier, Trump said: "russia has treated the Americans very well and this could be the beginning of the process of ending the russian Federation's war against Ukraine."
But russia is not a country that can be trusted and… pic.twitter.com/tUrqIgkk8l
— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) February 12, 2025
Новинарите на Ројтерс известија за бројни експлозии кои звучеле како украинска противвоздушна одбрана.
Голем пожар зафатил магацин од 600 метри квадратни во областа Холосивски, додека пожар избил на покривот на станбена зграда во областа Соломијански, пишува Киев Индипендент.
Експлозиите биле пријавени околу 4:30 часот по локално време. Украинските воздухопловни сили непосредно пред тоа предупредиле на заканата од руски ракетни напади насочени кон различни региони на земјата. Воздушните тревоги беа укинати околу еден час подоцна, во 5:30 часот по локално време.
Европа
Влезниците во Венеција ќе се вратат напролет, се зголемува цената за eднодневна посета
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/venecija45.jpg)
Плаќањето влезници во Венеција за дневните посетители се враќа во април, но овој пат тие ќе треба да издвојат двојно повеќе пари – таксата се зголемува од 5 евра на 10, јавува Си-Ен-Ен. Покрај зголемувањето на таксата, таа ќе се применува и за речиси двојно повеќе датуми од лани.
Откако стана првата во светот која воведе влезница за дневните посетители во 2024 година, Венеција ја удвои шемата за претстојната сезона, со 54 датуми за наплата, за разлика од 29 минатата година.
Датумите започнуваат континуирано од 18 април до 4 мај, а потоа продолжуваат секој петок, сабота и недела од мај до крајот на јули. Како и досега, таксата ќе се наплатува од посетителите кои немаат резервација за ноќевање во градот од 8:30 до 16 часот.
Надоместокот од 10 евра ќе биде преполовен за оние кои ќе резервираат влез четири или повеќе дена однапред. „Пилот проектот (од 2024 година) беше успешен“, рече Симоне Вентурини, градски советник за туризам, на саемот за туризам БИТ во Милано.
„Целта останува иста: да се создаде нов систем за управување со туристичките текови и да се обесхрабри екскурзискиот туризам во неколку периоди, во согласност со сензитивната и единствена природа на градот, да се гарантира почитувањето што го заслужува“.
Тој рече дека други дестинации од „остатокот од светот“ ги контактирале венецијанските власти за да се распрашаат за шемата. Податоците од минатогодишниот регистар на посетители покажуваат дека во Венеција дошле туристи од 194 земји во светот. По Италијанците, Американците беа следната најголема група, а потоа Германците и Французите.