Свет
ОБСЕ ја разбесни Москва со осудата на нацизмот и сталинизмот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/76327583-9610-4781-9cf8-f13f26c04495.jpeg)
Парламентарното собрание на ОБСЕ ја разгневи Москва, откако во иста резолуција ги осуди нацизмот и сталинизмот
Парламентарното собрание на ОБСЕ ја разгневи Москва, откако во иста резолуција ги осуди нацизмот и сталинизмот, за која руската делегација одби да гласа.
Парламентарните претставници во ОБСЕ со големо мнозинство го прифатија документот, што го предложија Литванија и Словенија, две поранешни комунистички земји.
Руската делегација остро се спротивстави на какви било обиди „во ист кош“ да се стават режимите на Адолф Хитлер и Јосиф Висарионович Сталин и пред гласањето за резолуцијата ја напушти салата.
Пред тоа, Русите неуспешно се обидоа да влијаат за повлекување на документот.
Во Резолуцијата, меѓу другото, е наведено дека „во текот на 20 век, европските земји минале низ два големи тоталитарни режими, нацизам и сталинизам, од кои произлегоа геноциди, кршење на човековите права и основните човекови слободи, воени злосторства и злосторства против човештвото“./крај/х/ег/ил/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
(Видео) Вучиќ во „Тик ток“ предизвик: Решија од мене да направат мечка на панаѓур, ми ставија четири газирани пијалаци, а јас треба да погодувам
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-12-062035.jpg)
Српскиот претседател Александар Вучиќ на својот профил на „Тик Ток“ објави хумористично видео.
Имено, тој одговорил на предизвик на оваа платформа во кој погодуваше каков газиран пијалак пие. Вучиќ на снимката пиеше четири различни газирани пијалаци (Кока-Кола, Кока-Кола Зеро, Пепси и Кокта).
Успеа да го погоди само вкусот на Кокта.
@jasamaleksandar Meni je sve ovo isto. Ako baš mora, dajte koka-kolu zero, za nas punačke. 😅 #jasamaleksandar ♬ original sound – Ja sam Aleksandar
„Откако решија од мене да направат мечка на панаѓур, тука ми ставија четири газирани пијалаци. А сега треба да погодам која е Кока-Кола, која Пепси, која Кокта, а која Зеро“, рече Вучиќ, а потоа додаде:
„Цел живот пијам Зеро, сè ми е збркано“.
Регион
(Видео) Снимен моментот на земјотресот во Далмација
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/dalmacija.jpg)
Снимката од надзорните камери го покажува моментот кога почна земјотресот што ја потресе цела Далмација.
Потресот беше регистриран во 18 часот и 43 минути, со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот кој беше почувствуван низ Далмација и Лика, но и во околните земји, Босна и Херцеговина и Италија, е снимен од надзорна камера на островот Зларин.
На снимката се гледа како бродовите во пристаништето се нишаат.
Свет
Првиот човек на OpenAI за Маск: Жал ми е за тој човек
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/mask.jpg)
За време на AI Action Самитот во Париз, извршниот директор на OpenAI Сем Алтман изјави дека OpenAI не е на продажба, особено не на Илон Маск.
„Овде сме со уште една епизода – имаше различни верзии на обидот на Илон, на овој или оној начин, да ја преземе контролата врз OpenAI. OpenAI не е на продажба. Мисијата на OpenAI не е на продажба – а да не го спомнуваме фактот дека конкурент кој не може да не победи на пазарот сега се обидува да каже: „Ќе те купам“, додека целосно игнорирајќи ја нашата мисија. Тоаа е, се чини, целосно предвидливо.
Извршниот директор на OpenAI, компанијата зад ChatGPT, исто така рече дека Илон Маск – кој поднесе понуда за преземање на OpenAI претходниот ден – очигледно изгледал несреќен и се однесувал „од позиција на несигурност“, додавајќи: „Жал ми е за тој човек“.
Понуда на Маск од речиси 100 милијарди долари за купување на OpenAI
Коментарите на Алтман дојдоа откако Илон Маск, кој беше ко-основач на OpenAI, но ја напушти компанијата пред да добие значителна популарност, даде понуда од 97,4 милијарди долари за преземање на организацијата која го контролира OpenAI.
Понудата на Маск дојде во време на неговиот правен спор против OpenAI и Altman, во кој тој тврди дека OpenAI отстапил од својата првична мисија и сега го става профитот пред јавното добро. Алтман одговори на понудата на Маск со објава на платформата X (поранешен Твитер): „Не, благодарам, но ќе го купиме Твитер за 9,74 милијарди долари ако сакате“.
Алтман и Маск го коосноваа OpenAI, Маск подоцна си замина
Во декември, OpenAI ги објави плановите за реструктуирање на своите операции, со цел да го одвои растечкиот бизнис од непрофитниот одбор што моментално го надгледува. Алтман рече дека одборот сè уште не утврдил вреднување за операциите на OpenAI и дека процесот сè уште е во тек.
Понудата на Маск вклучува финансирање од неговата компанија за вештачка интелигенција xAI, како и неколку инвестициски фондови. Целта на понудата е да се врати OpenAI на неговата првобитна мисија на отворен код и безбедност. Сепак, Алтман категорично ја отфрли понудата, нагласувајќи дека мисијата на OpenAI не е на продажба.
Овој развој дополнително ги интензивираше долгогодишните тензии меѓу Маск и Алтман, кои го коосноваа OpenAI во 2015 година. Маск ја напушти организацијата во 2018 година.