Свет
Медлин Олбрајт советник на НАТО
Поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт ќе биде дел од експертот тим, кои треба да ја осмисли стратегијата за новиот концепт на НАТО
Поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт ќе биде дел од експертот тим, кои треба да ја осмисли стратегијата за новиот концепт на НАТО.
Екс британскиот министер за одбрана Џефри Хун, исто така, ќе биде меѓу десетината експерти, кои ќе ги постават основите на новата стратешка концепција на НАТО; соопшти синоќа дипломат во Брисел, кој побара да остане анонимен.
Сегашната стратешка концепција на НАТО, која на Алијансата и дава одврзани раце да презема дејствија во врска со предизвиците во областа на одбраната и го трасираше воениот и политичкиот развој, беше донесена во 1999 година во Вашингтон.
Новиот документ треба да ги земе предвид предизвиците, како што се хакерските напади, климатските промени и енергетската сигурност, како и развојот на тероризмот, по нападите во САД од 11 септември 2001.
Новата стратегија може да биде донесена на самитот на НАТО што идната година ќе се одржи во Лисабон./крај/бгнес/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД веќе купиле острови од Данска – меѓу нив и озлогласениот остров на Епстин
Откако Доналд Трамп повторно ја актуелизираше идејата за купување на Гренланд, во јавноста се појави информација за последната голема територија што САД ја купиле од Данска во 1917 година. Станува збор за Данските Западни Индии, денес познати како Американски Девствени Острови, пишува „Њузвик“.
На социјалните мрежи се посочува дека во рамки на таа територија се наоѓа и островот Литл Сент Џејмс, познат како озлогласениот „остров на Епстин“.
САД ѝ платиле на Данска 25 милиони долари во злато за овие територии, стекнувајќи контрола врз островите Сент Томас, Сент Џон и Сент Кроа. Островот Литл Сент Џејмс бил дел од оваа аквизиција. Подоцна, во 1998 година, го купил починатиот финансиер и педофил Џефри Епстин.
Островот стекна лоша репутација како приватен имот на кој Епстин наводно извршувал сексуални злосторства. Тој стана централна точка во истрагите и граѓанските постапки што следеа по неговото апсење и смрт.
И денес островот е предмет на јавни расправи, а многумина повикуваат на објавување на детални информации за тоа кој и кога го посетувал. Тоа е особено нагласено по неодамнешното објавување на делови од „досиејата на Епстин“, кои фрлија ново светло врз неговата мрежа на контакти и тековните судски постапки.
Свет
„Не се сигурен сојузник“: Белгискиот премиер го критикуваше односот на САД кон Европа
Белгискиот премиер Барт де Вевер изрази сомнежи за улогата на Соединетите Американски Држави како сојузник на Европа, наведувајќи дека на нивниот сојуз повеќе не може безусловно да се смета. Тој, исто така, остро се осврна на изјавите на Трамп за Гренланд и Русија, пишува „Гардијан“.
„Европа се наоѓа на раскрсница и мора да одлучи каква ќе биде нејзината политика. Досега се обидувавме да го смириме новиот претседател во Белата куќа. Бевме многу благи, вклучително и со царините. Бевме благи надевајќи се дека ќе ја добиеме неговата поддршка за војната во Украина. Но сега се преминуваат толку многу црвени линии што мора да се избере меѓу самопочитта. Едно е да бидеш среќен вазал. Но нешто сосема друго е да бидеш беден роб. Ако сега се откажеш, ќе го изгубиш достоинството. А тоа е, веројатно, најдрагоценото нешто што можеш да го имаш во една демократија“, изјави де Вевер.
Остро реагираше и на ставовите на Трамп за Русија и Гренланд, велејќи дека Европа мора да повлече граница: „Или ќе бидеме обединети, или ќе заврши 80-годишната ера на атлантизмот.“
Како пример наведе дека американски претставници на состанок за Украина рекле дека не сакаат да заземаат страна. „Ова го охрабрува Путин. Неговата сила е нашата поделба“, изјави де Вевер.
Свет
Зеленски останува во Украина, нема да патува во Давос
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека нема да патува на Светскиот економски форум во Давос, одлучувајќи да остане во земјата поради најновиот руски ноќен напад кој ја влоши енергетската криза.
„Без сомнение, во овој случај ја бирам Украина, а не економскиот форум“, изјави Зеленски. Тој додаде дека би размислил за присуство само ако постои реална можност да се донесат одлуки за дополнителни системи за противвоздушна одбрана и енергетска помош за Киев.
Во нападот загина едно лице, а три се повредени. Над 6000 згради во Киев останаа без греење, а делови од градот и без струја и вода. Зеленски изјави: „Имам план како да им помогнам на луѓето со енергетските проблеми.“
Фото: Depositphotos

