Свет
Солана без трет мандат
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/35979d0b-5d8a-4ca7-96ef-85489346a518.jpeg)
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана нема да се кандидира за функцијата по трет пат
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана нема да се кандидира за функцијата по трет пат.
Солана ова го изјави за шпанскиот весник АБЦ, додавајќи дека по 10 години на функцијата висок претставник на ЕУ нема по трет пат да се кандидира за функцијата.
Мандатот на Солана истекува наесен, а меѓу можните кандидати за негов наследник се спомнуваат шефовите на дипломатиите на Шведска и на Германија Карл Билт и Франк Валтер Штајнмајер, како и поранешниот белгиски премиер Ги Ферхофштат./крај/фонет/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Експлозија на балкон во Бон, полицијата трага по сторителите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/677z381_677z381_nemacka-policija.jpg)
Голема материјална штета е причинета денеска кога непознати лица фрлиле експлозив на балкон од станбена зграда во Бон.
Сите жители на зградата се евакуирани и нема повредени, а полицијата трага по сторителите, пишува „Билд“.
„Местото на злосторството е обезбедено, а веднаш е започната потрага по осомничените со поддршка од хеликоптер“, соопшти портпаролот на полицијата.
Форензичкиот тим во текот на утрото изврши истрага, а мотивот за нападот се уште не е познат, јавува Танјуг.
Изминативе месеци во Северна Рајна Вестфалија се случија неколку експлозии поврзани со криминални групи, но полицијата се уште нема докази дека овој инцидент е поврзан со други случаи, пренесува Танјуг.
Регион
Константинос Тасулас избран за претседател на Грција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/1739360064-7233110-750x500.jpg)
Поранешниот претседател на грчкиот парламент, Константинос Тасулас, денеска е избран за нов шеф на државата, а ќе ја наследи Катерина Сакеларопулу, чиј петгодишен мандат истекува во март, објави порталот „Катимерини“.
Шеесет и шестгодишниот Тасулас, адвокат и татко на две деца, е пратеник од 2000 година, а претходно раководеше со Министерството за култура и ја извршуваше функцијата заменик-министер за одбрана.
За Тасулас гласаа 160 пратеници во 300-члениот парламент.
Тасулас беше номиниран за шеф на државата од премиерот Киријакос Мицотакис наведувајќи дека тоа го направил врз основа на политичкото искуство на Тасулас, неговиот обединувачки дух и фактот дека е широко прифатен.
Политичките аналитичари ја сметаат номинацијата на Тасулас како обид на Мицотакис да ја зацврсти својата позиција на власт, објави „Ројтерс“ потсетувајќи дека конзервативната партија на Мицотакис, Нова демократија, има тесно парламентарно мнозинство со 156 места и е под зголемен притисок.
Тасулас ќе положи заклетва на 13 март, кога и официјално ѝ завршува мандатот на актуелната претседателка Катерина Сакеларопулу.
Свет
Северна Кореја: Предлогот на Трамп – САД да го окупираат Појасот Газа – е празна закана
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/12/gaza5.jpg)
Северна Кореја денеска го карактеризира предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп – САД да го окупираат Појасот Газа – како празна закана.
Овој предлог ги уништи надежите на Палестинците за постигнување мир, наведе Корејската централна новинска агенција, пренесува „Ројтерс“.
Трамп изјави дека САД имаат намера да го преселат населението во Газа и да ја претворат областа во ривиера на Блискиот Исток.
Пјонгјанг ги критикува и најавите од Вашингтон за заземање на Панамскиот Канал и на Гренланд и одлуката на Трамп да го преименува Мексиканскиот Залив во Американски Залив.
Беше речено дека САД треба веднаш да престанат да ги нарушуваат достоинството и суверенитетот на другите земји и народи, според „Ројтерс“.