Свет
ЕК ги казни E.ON и GDF Suez за поделба на пазарот со гас
Европската комисија(ЕК) ги казни со по 553 милиони евра германската компанија E.ON и француската GDF Suez за поделба на пазарот со гас, што е
Европската комисија(ЕК) ги казни со по 553 милиони евра германската компанија E.ON ифранцуската GDF Suez за поделба на пазарот со гас, што е прекршување на европските правила.
За поделбата, како што пренесува Макфакс, сигнализираше органот на ЕК за заштита на конкуренцијата, а во врска со доставките на природен гас по гасоводот МЕГАЛ.
Во 1975. година двете компании го изградија гасоводот за пренос на руски гас преку територијата на Германија, откако постигнаа договор секоја земја да го продава гасот само на своја територија.
Овој договор за поделба на пазарот, што беше на сила до 2005. година, им овозможи на E.ON и на GDF Suez да ја задржат монополската позиција на германскиот и францускиот пазар со гас и по либерализацијата во 2000. година. /крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Аудиоснимка) Морничава бучава во последните моменти на подморницата „Титан“
Се појави нова аудио снимка од последните моменти на подморницата Титан која имплодира во Атлантикот, објави британскиот весник „Сан“.
Снимката е направена со помош на океански уред на 900 километри од местото на трагедијата и наводно ја открива морничавата бучава од моментот на имплозијата, поточно, моментот на дробење на подморницата.
Американската крајбрежна стража го сподели видеото од 20 секунди како дел од истрагата за катастрофата во која загинаа сите пет членови на екипажот на подморницата Титан.
Крајбрежната стража соопшти дека снимен е „сомнителен акустичен потпис“ на имплозија на 18 јуни 2023 година.
Титан исчезна на 18 јуни 2023 година.
Оваа подморница се упати кон потонатиот брод Титаник, а спасувачите со денови се обидуваа да ја лоцираат.
Меѓутоа, набрзо било откриено дека Титан се имплодирала, при што загинале сите патници.
Свет
Експлозија на балкон во Бон, полицијата трага по сторителите
Голема материјална штета е причинета денеска кога непознати лица фрлиле експлозив на балкон во станбена зграда во Бон.
Сите жители на зградата се евакуирани и нема повредени, а полицијата трага по сторителите, пишува „Билд“.
„Местото на злосторството е обезбедено, а веднаш е почната потрага по осомничените со поддршка од хеликоптер“, соопшти портпаролот на полицијата.
Форензичкиот тим во текот на утрото изврши истрага, а мотивот за нападот сè уште не е познат, јавува „Танјуг“.
Изминативе месеци во Северна Рајна Вестфалија се случија неколку експлозии поврзани со криминални групи, но полицијата сè уште нема докази дека овој инцидент е поврзан со други случаи, пренесува „Танјуг“.
Регион
Константинос Тасулас избран за претседател на Грција
Поранешниот претседател на грчкиот парламент, Константинос Тасулас, денеска е избран за нов шеф на државата, а ќе ја наследи Катерина Сакеларопулу, чиј петгодишен мандат истекува во март, објави порталот „Катимерини“.
Шеесет и шестгодишниот Тасулас, адвокат и татко на две деца, е пратеник од 2000 година, а претходно раководеше со Министерството за култура и ја извршуваше функцијата заменик-министер за одбрана.
За Тасулас гласаа 160 пратеници во 300-члениот парламент.
Тасулас беше номиниран за шеф на државата од премиерот Киријакос Мицотакис наведувајќи дека тоа го направил врз основа на политичкото искуство на Тасулас, неговиот обединувачки дух и фактот дека е широко прифатен.
Политичките аналитичари ја сметаат номинацијата на Тасулас како обид на Мицотакис да ја зацврсти својата позиција на власт, објави „Ројтерс“ потсетувајќи дека конзервативната партија на Мицотакис, Нова демократија, има тесно парламентарно мнозинство со 156 места и е под зголемен притисок.
Тасулас ќе положи заклетва на 13 март, кога и официјално ѝ завршува мандатот на актуелната претседателка Катерина Сакеларопулу.