Свет
Германија излегува од рецесија?
Германската економија во вториот квартал од оваа година можеби веќе ја надмина рецесијата
Германската економија во вториот квартал од оваа година можеби веќе ја надмина рецесијата.
Ова го изјави неименуван член на германската влада, додавајќи дека БДП во вториот квартал најверојатно останал непроменет, или забележал умерен растеж во однос на претходниот квартал.
Како што пренесуваат локалните гласила, тоа претставува нормализација на состојбата во стопанството, по неговиот голем пад.
Најголемата европска економија во првите три месеци од годинава во однос со претходниот квартал забележа рекорден пад од 3,8 проценти, а БДП се намалуваше континуирано од второто тромесечје минатата година.
Германската влада за годинава прогнозира намалување на економијата од 6 проценти, во однос на лани, а неодамна објавените показатели наговестуваат дека стопанството почнува да излегува од кризата, најголема по Втората светска војна, која сериозно удри по производителите, сметаат аналитичарите.
Официјалните податоци за стапката на БДП во Германија треба да бидат објавени следната недела./крај/б92/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

