Свет
Медведев во посета на Јужна Осетија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/4092bde6-ddae-447b-b426-289214840379.jpeg)
Рускиот претседател Дмитриј Медведев допатува денеска во Јужна Осетија во прва посета на сепаратистичката област во Грузија
Рускиот претседател Дмитриј Медведев допатува денеска во Јужна Осетија во прва посета на сепаратистичката област во Грузија од руско – грузиската војна минатата година.
„Медведев отпатува во работна посета на Јужна Осетија. Во тек се разговори со претседателот на Јужна Осетија, Едвард Кокојти“, соопшти портпаролката на Медведев, Наталија Тимакова.
Русија и Грузија водеа кратка војна во август 2008 година поради Јужна Осетија, по што Москва ја призна независноста на двете сепаратистички области во Грузија – Јужна Осетија и Абхазија./крај/бе/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Зеленски: Ако не бидеме примени во НАТО, потребна ни е помош од САД – тоа е нашиот план Б
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/zelenski46.jpg)
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ќе и требаат Соединетите држави да помогнат во изградбата на армија толку голема како Русија која ќе служи како „план Б“ доколку неговата земја не биде примена во Организацијата на Северноатлантскиот договор.
Киев е во војна со руските сили кои започнаа инвазија во февруари 2022 година, па затоа тврди дека пристапувањето во НАТО би било најсилниот и најевтин начин да се спречи Русија да започне нова инвазија на Украина откако ќе се постигне прекин на огнот или мировен договор.
„Ако Украина не е во НАТО, тоа значи дека Украина ќе го изгради НАТО на нејзина територија. Значи, потребна ни е армија толку голема колку што имаат Русите денес“, рече Зеленски во интервјуто за Економист.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека Соединетите Држави не го гледаат членството на Киев во алијансата како дел од мировниот план за Украина.
Свет
Романскиот центристички лидер ја презема функцијата привремен претседател
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/9-5.jpg)
Лидерот на центристичката Либерална партија Илие Болојан денеска стана привремен претседател на Романија, откако стапи на сила оставката на актуелниот претседател на земјата, Клаус Јоханис.
Болојан (55), кој до денес беше и претседател на Сенатот, ја презема функцијата од колегата центрист Клаус Јоханис, кој пред два дена поднесе оставка од функцијата претседател на Романија, откако опозициските партии најавија дека ќе бараат негов импичмент.
Тешко десничарските пратеници сега планираат да поднесат барање за недоверба на владата на широката коалиција, која има тесно мнозинство во парламентот и ја вклучува Либералната партија на Болојан, објави Ројтерс.
Свет
Канадскиот министер за одбрана: Идеите на Трамп за анексија на Канада се навредливи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/8-6.jpg)
Канадскиот министер за одбрана Бил Блер денеска во Брисел, по средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека идејата на американскиот претседател Доналд Трамп Канада да стане 51-та држава на САД е „навредлива“, но дека тој не верува дека неговата земја е „навистина под закана“.
„Една од работите што мислам дека треба да им биде јасна на сите, вклучително и на господинот Трамп, е дека моите сограѓани Канаѓани секогаш ќе застанат во одбрана на нашата нација, за нашата земја. Подготвени сме да се браниме доколку е потребно, а тоа секогаш бара жртви“, рече Блер, пренесува американски Политико.
Блер рече дека и верува на Америка и не е „потресен како некои“, тврдејќи дека тоа е затоа што со децении соработувал со Соединетите Држави преку низа различни администрации.