Свет
Кинеските резерви надминаа две илјади милијарди долари
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/94ea86e8-932e-4ed9-bb08-53f8f36a4b95.jpeg)
Девизните резерви на Кина за прв пат во нејзината историја надминаа две илјади милијарди долари, соопшти денеска кинеската Централна банка
Девизните резерви на Кина за прв пат во нејзината историја надминаа две илјади милијарди долари, соопшти денеска кинеската Централна банка.
Кинеските девизни резерви во второто тромесчје од годинава пораснаа за околу 178 милијарди долари, и изнесуваат 2.132 милијарди долари, пренесува Макфакс.
Претходно во првото тромесечје, девизните резерви на Кина се зголемиле за, незначителни во кинески рамки, 7,7 милијарди долари.
Во последните 2,5 години, кинеските девизни резерви се зголемиле за двојно.
Кинеската Централна банка соопшти во јуни дека, и покрај разговорите за можна промена на улогата на девизните резерви во светот, не треба да се очекуваат остри промени во управувањето со девизните резерви во светот./крај/бгнес/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Трамп потврди дека разговарал со Путин: „Преговорите за Украина почнуваат веднаш“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/7-8.jpg)
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал „долг и многу продуктивен“ телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.
Во објава на неговата платформа Truth Social, американскиот претседател вели дека разговарале за Украина и Блискиот Исток, како и за вештачката интелигенција.
Трамп додаде дека тој и Путин размислувале за фактот дека САД и Русија успешно се бореле заедно за време на Втората светска војна – и се радувал на „големите придобивки што еден ден ќе ги имаат кога ќе работат заедно“.
И двајцата се согласија, вели Трамп, дека „сакаат да запрат милиони смртни случаи во војната со Русија/Украина“.
Тој објасни дека се договориле многу тесно да соработуваат, вклучително и со посети.
Тој додаде дека се договориле нивните тимови веднаш да започнат преговори, а ќе го повикаат претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за да го информираат за разговорот.
Трамп додава дека му наложил на тим, вклучувајќи го и државниот секретар Марко Рубио, да ги води преговорите.
„Сакам да му се заблагодарам на претседателот Путин за времето и напорот што ги вложи во овој повик, како и за вчерашното ослободување на Марк Фогел, прекрасен човек кого јас лично го поздравив синоќа во Белата куќа. Верувам дека овој напор ќе доведе до успешен заклучок, се надевам наскоро“, рече Трамп.
Регион
Дел од товарен воз кој сообраќал од Гевгелија за Солун излетал од шините, линијата може да остане затворена два месеци
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/6-8.jpg)
Товарен воз излета од шините вчера доцна навечер во областа Кукуш во северна Грција додека се движеше на релација Гевгелија-Солун, која ја поврзува Грција со Македонија, пренесува „Катимерини“.
Нема информации за повредени меѓу персоналот на возот или случајни минувачи.
Ударот на инцидентот предизвика значителна штета на пругата во должина од приближно 4 километри. Засегнатиот дел се очекува да остане затворен околу два месеци поради поправки.
За тоа време прекуграничните рути ќе бидат пренасочени преку Бугарија.
Hellenic Train приватниот оператор на грчкиот железнички систем е под зголемен правен и политички притисок по трагичниот судир на возот во Темпи во февруари 2023 година, едно од најтемните поглавја во историјата на компанијата, што резултираше со 57 жртви и голем број повредени.
Hellenic Train беше купен од италијанската Ferrovie dello Stato Italiane во 2017 година.
Свет
Шефот на Пентагон: Американските трупи нема да бидат распоредени во Украина како дел од мировниот договор
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/5-8.jpg)
САД нема да испраќаат свои сили во Украина како дел од можниот мировен договор, изјави денеска во Брисел новиот американски секретар за одбрана Пит Хегсет.
„Да бидам јасен, како дел од безбедносните гаранции, нема да има американски сили распоредени во Украина“, рече Хегсет на почетокот на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.
Американскиот министер рече дека Европа ќе мора да обезбеди огромна идна помош за Украина и додаде дека САД повеќе нема да толерираат „неурамнотежени односи во НАТО“.
„САД остануваат посветени на Алијансата и на одбранбеното партнерство со Европа. Но, САД повеќе нема да толерираат неурамнотежен однос“, додаде Хегсет, кој е во седиштето на НАТО за прв пат по преземањето на функцијата.
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте рече дека европските членки на НАТО мора да трошат многу повеќе за својата одбрана.
„Треба да направиме многу повеќе за да го имаме она што ни е потребно за одвраќање и одбрана, за товарот да се дели поправедно“, додаде Руте.