Свет
Битката меѓу „Гугл“ и „Мајкрософт“ ќе ја одреди иднината на компјутерите

Битката помеѓу најголемата софтверска компанија „Мајкрософт“ и Интернет-гигантот „Гугл“ може да влијае на начинот како приватни лица и компании
Битката помеѓу најголемата софтверска компанија „Мајкрософт“ и Интернет-гигантот „Гугл“ може да влијае на начинот како приватни лица и компании во иднина ќе работат на компјутерите.
Најновиот чекор го направи „Мајкрософт“, соопштувајќи дека преку Интернет бесплатно ќе понуди верзија на „Мајкрософт офис“, вклучувајќи ги и програмите „Ворд“ и „Ексел“, пренесува „Гласот на Америка“.
„Мајкрософт“ беше принуден на ваков потег, откако „Гугл“ на пазарот понуди бесплатен конкурентен пакет програми, наречен „Гугл апс“.
Претходно, „Мајкрософт“ заработуваше милијарди долари годишно продавајќи го софтверот, кој потоа потрошувачите го инсталираа на своите компјутери.
Обете компании и натаму ќе наплаќаат за поусовршените верзии на своите софтвери. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Хуманитарен конвој од Египет се движи кон Појасот Газа

Конвој со хуманитарна помош тргна од Египет кон Појасот Газа по зголемениот меѓународен притисок и предупредувањата од голем број хуманитарни агенции дека масовното гладување се шири низ енклавата.
Израелската војска соопшти дека ќе обезбеди „хуманитарни коридори“ за безбедно поминување на конвоите на ОН што доставуваат помош до жителите на Газа и дека ќе воспостави „хуманитарни паузи“ во густо населените области.
Израел претходно продолжи да доставува помош по воздушен пат до Појасот Газа, што го потврдија и палестински извори.
Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, ја опиша кризата како „масовно гладување предизвикано од човечка активност“.
Повеќе од 125 луѓе починаа од неухранетост, вклучувајќи 85 деца, соопшти Министерството за здравство на Газа во саботата.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.