Свет
Индонезија – експлозии во луксузни хотели, 9 загинати
Најмалку девет загинати, меѓу кои и странци, и над 40 ранети, е досегашниот биланс од серијата бомбашки напади што изутрината беа извршени во луксузн
Најмалку девет загинати, меѓу кои и странци, и над 40 ранети, е досегашниот биланс од серијата бомбашки напади што изутрината беа извршени во луксузни хотели во Џакарта.
“Бројот на убиени достигна девет лица. Осум загинаа на местото на инцидентите, а еден почина во болница. Има 41 ранети, вклучувајќи 16 странски државјани”, соопштија официјални извори во Џакарта.
По серијата експлозии, индонезиските власти соопштија дека бомба е откриена и деактивирана во соба во „Мариот“, еден од двата хотели во Џакарта, цел на бомбашките напади.
Претходно, во атентатот во хотелот Мариот беа убиени шест лица, а ранети уште неколку десетина.
Други три лица беа убиени во соседниот хотел „Риц Чарлтон“. Бомбата експлодирала во хотелскиот ресторан.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Невообичаена сообраќајка во Врање: таксист однел постара жена до гробишта, па ја удрил со автомобил
Невообичаена несреќа се случила на гробиштата Шапранац во Врање, кога таксист возел постара жена, а потоа од невнимание ја удрил со автомобилот.
Таксистот донел жена која се движела со помош на бастун (78), и ја оставил пред црквата на гробиштата Шпаранац. Кога сопатничката излегла, возачот тргнал во рикверц со автомобилот без да ја забележи жената.
Откако ја удрил автомобил, жената паднала и се здобила со скршеница на бутната коска.
Според информации, против таксистот ќе биде поднесена кривична пријава за тешки кривични дела против општата безбедност.
Свет
Повеќе од 400 луѓе спасени од урнатините по земјотресот во Тибет
Повеќе од 400 луѓе се спасени од урнатините во Тибет погоден од земјотресот, соопштија денеска кинеските власти.
Тие додадоа дека потрагата по исчезнатите, чиј број сѐ уште не е утврден, продолжува на многу студено време, пренесува „Ројтерс“.
Најмалку 126 лица загинаа, а 188 се повредени во силниот земјотрес што вчера го погоди подножјето на Хималаите во близина на едно од најсветите места на Тибет, соопштија кинеските власти.
Епицентарот на земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, еден од најсилните земјотреси во регионот во последните години, се наоѓа во Тингри, на 80-ина километри северно од Монт Еверест, највисокиот врв на светот.
Се почувствувал и во соседните земји Непал, Бутан и Индија.
Непалската национална управа за намалување и управување со ризици од катастрофите (NDRRMA) вчера објави дека потреси се почувствувани во седум ридски области, кои граничат со Тибет.
Беше почната потрага во област со големина на Камбоџа.
Во текот на ноќта температурата се спуштила до минус 18 Целзиусови степени, па луѓето заробени во урнатините или оние без засолниште биле изложени на ризик од брза хипотермија. Експертите наведуваат дека во такви услови луѓето може да преживеат само од 5 до 10 часа, дури и ако не се повредени.
Свет
Папата Франциско ги осуди малтретирањето и злоупотребата на децата
Папата Франциско, денеска, во своето неделно обраќање ги осуди луѓето што малтретрираат деца и оние што на кој било начин се соучесници во злоупотребата на малолетници.
„Бараме благодат повторно да го откриеме важното место што секое дете го зазема во божјото срце за никој да не биде соучесник во злоупотребите што се вршат врз него, но и жестоко да ги осудиме“, рече папата Франциско, објави АНСА.
Тој рече дека „децата заземаат привилегирано место во божјото срце“ и дека секој што ќе им наштети „ќе мора да одговара за тоа пред Бога“.