Свет
НАТО вознемирен од можните последици од кризата
Генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер изрази денеска стравување од последиците кои што економската криза може да и ги нанесе на Алијансата
Генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер изрази денеска стравување од последиците кои што економската криза може да и ги нанесе на Алијансата.
Шефер, кој денеска беше во проштална посета во Братислава, Словачка, најави дека парите ќе мора да се трошат значително повнимателно и поефикасно.
„Секој генерален секретар би бил вознемирен од ситуацијата каква што е сега. Со оглед на размерите на кризата, ќе мораме да ги трошиме парите значително поефикасно“, рече Шефер по средбата со словачкиот претседател Иван Гаспарович, пренесува агенцијата СИТА.
Првиот човек на НАТО, чиј што мандат истекува овој месец, апелираше меѓутоа, земјите членки и покрај кризата да ги одржат планираните издвојувања и буџетите за ресорот одбрана./крај/бе/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

