Свет
Профитот на Кока Кола се зголеми за 43%

Профитот на Кока Кола во вториот квартал од годинава се зголеми за 43 проценти, што според првите луѓе на компанијата се должи на брзиот раст на
Профитот на Кока Кола во вториот квартал од годинава се зголеми за 43 проценти, што според првите луѓе на компанијата се должи на брзиот раст на продажбата надвор од САД.
Огромен раст на продажбата е регистриран во Кина и Индија, додека во САД таа опаднала за еден насто.
Во изминатите три месеци Кока Кола заработи чист профит од 2.04 милијарди долари, во однос на 1,42 милијарди истиот период лани. /крај/бе/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Ако Хамас не го предаде оружјето, ќе го разоружаме

Доналд Трамп изјави дека Хамас ќе „се разоружа, бидејќи рекоа дека ќе се разоружаат“. „И ако не се разоружаат, ние ќе ги разоружаме“, додаде тој.
На прашањето на новинарите како тоа ќе се случи, Трамп рече: „Не морам да ви објаснувам. Но, ако не се разоружаат, ние ќе ги разоружаме“.
„Тие знаат дека не си играм“, додаде американскиот претседател.
„Ќе се случи брзо и може да биде насилно. Но, тие ќе се разоружаат, разбирате што мислам?“, додаде Трамп.
фото: принтскрин
Свет
Израел: Едно од телата вратени од Хамас не е заложник

Телото што Хамас вчера му го предаде на Израел не му припаѓа на ниту еден од заложниците, туку на Палестинец од Газа, изјави за израелските медиуми функционер за безбедноста. Останатите три тела се идентификувани како Тамир Нимроди, Еитан Леви и Уриел Барух.
Портпарол на Хамас: Работиме на враќање на телата
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем, изјави дека Хамас „работи на исполнување на своите обврски“ за враќање на телата на израелските војници, што израелските медиуми го протолкуваа како индиректно признание на израелските обвинувања дека Хамас го прекршил договорот.
Неговата изјава дојде откако Хамас му предаде на Израел тело кое не му припаѓало на ниту еден од заложниците. Израел сè уште чека враќање на 21 тело.
Касем додаде дека Израел „направил сериозно прекршување на договорот кога убил цивили во Шеџаја и Рафа“ и ги повика медијаторите „да го принудат Израел да се придржува до своите обврски“.
фото: принтскрин
Регион
Фон дер Лајен: Време е Србија да ги забрза чекорите кон ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави во Белград дека сега е вистински момент Србија да преземе конкретни чекори кон членство во Европската унија.
Таа порача дека Србија треба да покаже напредок во владеењето на правото, медиумите и изборните реформи, нагласувајќи дека усогласувањето со надворешната политика на ЕУ, вклучително и санкциите кон Русија, мора да се зголеми.
Фон дер Лајен истакна дека ЕУ очекува Србија двојно побрзо да напредува кон Унијата и дека веќе се реализираат инвестиции преку Планот за раст за Западен Балкан, вредни над 100 милиони евра.
Таа го поздрави напредокот во ажурирањето на избирачкиот список и во работата на Советот на РЕМ, оценувајќи дека тоа е „добар прв чекор“.
Фон дер Лајен додаде дека овој период е прав момент за инвестиции на Западен Балкан, вклучувајќи и проекти за енергетика, дигитализација и вештачка интелигенција.