Свет
Судијката му пресуди затвор, тој и упати честитки за Осми март
Владимир Тотовски имаше ретка “привилегија” да биде суден од судијката Маја Ковачевиќ-Томиќ, портпарол на Специјалниот суд во Белград, која на јавноста с стана позната по изјавите за членовите на “Земунски клан”
По изрекувањето затворска казна во Специјалниот суд во Белград за нашиот државјанин Владимир Тотовски
Владимир Тотовски имаше ретка “привилегија” да биде суден од судијката Маја Ковачевиќ-Томиќ, портпарол на Специјалниот суд во Белград, која на јавноста с стана позната по изјавите за членовите на “Земунски клан”
Љубиша СТАНКОВИЌ
И покрај тоа што веќе има навршено 70 години, скопјанецот Владимир Тотовски, поради производство и трговија со наркотични средства, ќе треба да издржува затворска казна. Тој пред два дена беше осуден на затворска казна во траење од седум години. Пресудата за Тотовски беше изречена од Судски совет на Специјалниот суд во Белград.
Судот во кој што е осуден скопјанецот Тотовски се занимава само со кривични дела кои најчесто се однесуваат на организираниот криминал. Владимир Тотовски или Влада Тот, како што го знаат во Србија, имаше ретка “привилегијааи да биде суден од судијката Маја Ковачевиќ-Томиќ, поранешна портпаролка на овој суд, која на јавноста с стана позната по изјавите кои се однесуваа на судењата на припадниците на таканаречениот “Земунски кланни. Дека и Тотовски не е обичен криминалец без стил, потврда се честитките што тој с ги изрекол на судијката по повод Меѓународниот ден на жената.
Името на Владимир Тотовски не им е непознато на нашите правосудни органи. За своите “гревовиии Тотовски има издржувано повеќегодишна затворска казна, но во соседна Србија неговото име се прочу по мини-фабриката што ја отворил во центарот на Белград, а во која ќе се произведат близу милион парчиња †амфетаминни. Постојат одредени верувања дека Тотовски никогаш немало да “паднееи доколку еден од неговите соработници од фабриката, се наоѓа на улицата “Озренскааи број 95, без да му пријави на шефот дека зел 12.500 парчиња †амфетаминни со кои замина за Параќин. Притоа, Савиќ му го предадена Дејан Димитриевиќ, а тој, пак, требало да ги продава по цена од 60 центи за парче.
Непослушноста на Савиќ повлече откривање на групата, нејзино апсење, а потоа и пронаоѓање на лабораторијата во којашто се произведуваа †амфетаминитееи на кои било отпечатено логото “каптагонни. Во акцијата што кон крајот на јануари минатата година, ја презеде српската полиција, покрај Владимир Тотовски беа осомничени и “партнеротти на нашиот државјанин, Лука Станковиќ (54) од лесковачкото село Паликуќа, Мирољуб Савиќ-Ќумбе (54), од параќинското село Лебин, Дејан Димитриевиќ (36) од селото Чепуре крај Параќин и уште едно лице за кое се знаело дека го носи прекарот Аки. Истрагата утврди дека Тотовски долго време го планирал бизнисот и дека првичните намери му биле фабриката за производство на †амфетаминни да ја отвори во Македонија, но дека тој во последен миг се премислил, па лабораторијата ја отвори во Белград. Откако обезбеди погодна локација во срцето на Белград, Тотовски ја организира и екипата која работи со него. По ова следуваше набавка на машините за производство. Станува збор за машина “тамблер коцкааи која се користи за хомогенизирање на гранулатот, сушилница, мелница, мешлка за прашкести материи, машина за вакуумирање, две електронски ваги и повеќе пластични садови. Инфорамциите што доаѓаа од Србија говореа дека Тотовски лично се ангажирал во обезбедување на “рецептатааи за мешање на супстанциите потребни за производство на †амфетаминни. За потребите на лабораторијата, односно за производство на “каптагонни, Тотовски го ангажира хемискиот техничар Лука Станковиќ, а тој, пак, го запозна со машин-браварот Савиќ. На прв поглед ангажирањето на Савиќ можеби изгледа зачудувачко, но ако се знае дека токму тој го произведе апаратот за таблетирање и дека ги одржува и сервисира сите машини за производство, тогаш станува разбирливо и активирањето на Мирољуб Савиќ-Ќумбе. Овој тим, на кој подоцна му се приклучија и другите претходно спомнати, успеа да произведе повеќе од милион парчиња †амфетаминни.
Токму алчноста на Савиќ го прекине синџирот на трговија со наркотични средства. Укареденото од фабриката му го даде на Дејан Димитриевиќ кај кого полицијата ги пронајде †амфетаминитееи. По Димитриевиќ од слобода беше лишен и Лука Станковиќ, кај кого е пронајден клучот од станот каде што се произведуваше “препаратотти. При претресот на станот, припадниците на Управата за борба против организираниот криминал (УБПОК), потпомогнати од српската и од белградската полиција, пронајдоа и запленија 9.500 парчиња †амфетаминни и апаратура потребна за нивно производство. Вредноста на зепленетото се проценуваше на повеќе од 100.000 евра. Но, по апсењето на неколкумина од групата и по заплената на препаратот, полицијата остана покуса за “мозокотти на оваа група. Владимир Тотовски успеа да избега, а се веруваше дека негова дестинација се Македонија или Бугарија. За српската полиција не изгледаше збунувачки само исчезнувањето на Тотовски, туку и неговото дејствување на црните наркопазари. Така, постоеја одредени сомневања дека тој тесно соработува со “екипатааи на д-р Милан Зарубица, бидејќи и на †амфетаминитееи што ги произведува во својата фабрика во Нови Пазар стоело истото лого-“каптагонни. Други информации упатуваа на бизнис кој, преку Бугарија и Турција, се ширел сссо до Средниот Исток. Без оглед на тоа што од сето ова е точно, вистина е дека легендата на македонското подземје по стари години ќе биде зад решетки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Британската полиција ги истражува летовите на Епстин од аеродромот Стенстед
Полицијата во Есекс ги истражува информациите за приватни летови кои слетувале и полетувале од аеродромот Стенстед, по објавувањето на документи поврзани со Џефри Епстин. Овој потег следи откако поранешниот премиер Гордон Браун минатата недела ја повика британската полиција итно да ги испита тврдењата за криумчарење жени и девојки во земјата со авиони, пренесува Скај њуз.
Браун во текст за „Њу стејтсмен“ навел дека неодамна објавените документи за Џефри Епштајн откриваат дека авионот на осудениот педофил имал 90 летови кон или од британски аеродроми. Тој истакнал дека дури 15 од тие летови се случиле откако Епстин во 2008 година бил осуден за сексуален престап.
Портпаролот на полицијата во Есекс изјавил: Ги проценуваме информациите што се појавија во врска со приватните летови кон и од аеродромот Стенстед, по објавувањето на списите за Епштајн од страна на американското Министерство за правда.
Од аеродромот Стенстед соопштиле дека сите приватни авиони таму оперираат преку независни оператори (Fixed Base Operators), кои се задолжени за сите аспекти на приватното и корпоративното воздухопловство во согласност со прописите. Нагласиле дека сите имиграциски и царински проверки на патниците на приватни летови ги спроведува директно Граничната полиција.
„Тие користат целосно независни терминали со кои не управува Лондон Стенстед и ниту еден патник од приватен авион не влегува во главниот терминал на аеродромот. Аеродромот не управува ниту има увид во патничките аранжмани на приватно оперираните авиони“, се наведува во соопштението.
Свет
Советник во францускиот Сенат тајно фотографирал жени под здолништата
Поранешен советник во францускиот Сенат беше осуден на една година условна казна поради тајно фотографирање жени под здолништата, вклучително и во горниот дом на францускиот парламент.
На педесетгодишниот Себастијен Г. му се судеше откако двајца негови колеги во 2023 година, во заеднички простор на десничарската партија „Ле Републикан“, откриле хард-диск со повеќе од 1.800 фотографии, претежно од сексуална природа, како што навел судијата за време на судењето минатиот месец, пренесува „Ле Монд“.
На дискот имало фотографии од задници и деколтеа на облечени жени, направени на јавни места како улица или во Сенатот, како и фотографии од неговата поранешна девојка, која ја снимал гола во својот дом.
Следната година бил пријавен до управата на Сенатот, по што добил отказ по повеќе од две децении служба.
„Никогаш не сакав никого да повредам“, изјавил на судот во јануари, тврдејќи дека фотографиите никогаш не ги споделил. Навел дека чувствувал „потреба да ја собира убавината на жените“.
Судот му забрани пристап до Сенатот и му наложи психолошко и психијатриско лекување.
Минатиот месец судот го прогласи за виновен и поранешен сенатор кој дрогирал пратеничка со екстази со намера да ја сексуално нападне, и го осуди на 18 месеци затвор.
Свет
Истрага за ранчот на Епстин во Ново Мексико по тврдењата за закопани девојки
Властите на сојузната држава Ново Мексико покренаа истрага за ранчот „Зоро“, кој му припаѓал на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, по обвинувањата дека на тој имот надвор од Санта Фе сексуално злоупотребувал девојки и жени, објави Аксиос.
Според пратеничката Андреа Ромеро, истрагата има за цел откривање на вистината и овозможување преживеаните да добијат правда.
Министерството за правда на Ново Мексико минатата недела му пишало на Министерството за правда на САД барајќи нецензуриран пристап до анонимен мејл од 2019 година во кој се наведува дека две „странски девојки“ биле закопани на ранчот „Зоро“.
Ранчот, кој Епстин го поседувал од 1993 година до неговата смрт во 2019 година, се простира на повеќе од 7.600 хектари и се појавува во повеќе јавно објавени досиеја поврзани со него.
Преживеаните тврделе дека биле злоупотребувани на тој имот, вклучително и сведочењето на Ени Фармер, која за време на судењето на Гислејн Максвел во 2021 година го обвинила Епстин дека ја злоупотребувал на тој ранч.
Двопартискиот одбор на Претставничкиот дом на Ново Мексико ќе собира сведоштва од преживеани и планира јавно именување на осомничените сторители.
Пратениците истакнуваат дека ранчот долго време бил надвор од дометот на правдата и дека истрагата има за цел обновување на довербата на јавноста и заштита на безбедноста на граѓаните.
Сегашните сопственици на ранчот, семејството на поранешниот сенатор од Тексас, Дон Хафинс, вети целосна соработка.
Првиот состанок на одборот е закажан за вторник, а привремениот извештај до Претставничкиот дом мора да биде поднесен до 31 јули, додека конечниот извештај се очекува до 31 декември, вклучувајќи и препораки за понатамошни постапки.

