Свет
Свински ќелии како терапија за шеќерна болест
Биотехнолошка компанија од Нов Зеланд започна експериментална терапија за дијабетис во која што ќелии од новородени прасиња ќе бидат пресадени
Биотехнолошка компанија од Нов Зеланд започна експериментална терапија за дијабетис во која што ќелии од новородени прасиња ќе бидат пресадени во тела од осум доброволци.
„Living Cell Technologies“ се надева дека ќелиите би можеле да ги одложат последиците од дијабетисот тип еден, меѓу кои се слепилото, прерана појава на коронарната болест на срцето и ампутацијата како последица на слабата циркулација.
Медицинскиот директор на компанијата Боб Елиот соопшти дека и во најдобар случај терапијата нема да може да ги отстрани сите симптоми на болеста.
Некои научници предупредуваат дека пресадувањето на свински ќелии е ризично. Други сметаат дека е премногу рано за испитување на луѓето затоа што не се спроведени никакви истражувања на животните.
Еден од ризиците е вирусите кои живеат во животинскиот, но не и во хуманиот организам да „скокнат“ на луѓето, со можност за предизвикување нови болести и нови пандемии./крај/бе/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Моќната сестра на севернокорејскиот лидер: Ќе изградиме супериорна воена сила
Ким Јо Џонг, моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, рече дека земјата ќе продолжи да гради супериорна и најмоќна воена сила за да го заштити својот суверенитет и регионалниот мир, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.
Ким рече дека серијата воени вежби на американската војска во регионот оваа година, почнувајќи со вежби спроведени со „јужнокорејски марионетски воени гангстери“, опасно ја нарушуваат регионалната безбедносна средина.
„Ќе продолжиме да ја градиме најголемата и најмоќната воена сила за заштита на нашиот суверенитет, безбедност и регионален мир“, ја цитираше КЦНА нејзината изјава.
Војските на САД и Јужна Кореја во последните месеци спроведоа серија големи и интензивни вежби, а лидерите на двете земји ветија дека ќе ја подобрат борбената готовност против воените закани на Северна Кореја.
Околу 100 воени авиони извршија двонеделни воздушни вежби овој месец, соопшти јужнокорејската војска.
Северна Кореја вели дека американските воени вежби се подготовки за нуклеарна војна против неа. Вашингтон и Сеул велат дека вежбите имаат одбранбен карактер и се спроведуваат редовно за да се одржи подготвеноста.
Свет
Израел: Нашата армија не ги закопа Палестинците во масовна гробница во Газа
Телата откриени во масовна гробница во Појасот Газа не биле закопани од израелски војници, туку од Палестинци, соопшти израелската амбасада во Женева.
„Тврдењето дека израелските одбранбени сили (ИДФ) закопале палестински тела е неосновано“, соопшти амбасадата.
„Војниците само ги прегледале телата во гробницата во потрага по израелски заложници, се почитувало достоинството на загинатите, а телата на Палестинците биле вратени на истото место“, се додава во соопштението.
„Прегледот беше извршен внимателно и исклучиво на места каде разузнавачките информации укажуваа на можно присуство на заложници“, соопшти амбасадата.
Палестинскиот тим за цивилна одбрана во Газа извести дека масовна гробница со 283 тела била откриена во близина на болницата Насер во градот Кан Јунис на југот од енклавата.
Според канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк, кој ја повика цивилната одбрана, на некои тела им биле врзани рацете.
Свет
Кина изрази противење на пакетот помош од САД за Тајпеј
Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти Канцеларијата за тајвански работи на кинеското Министерство за надворешни работи.
Пекинг ги повика САД да ја исполнат својата обврска да не ја поддржуваат независноста на кинескиот регион Тајван, како и да прекинат со секаков вид негово вооружување, рече портпаролот на Канцеларијата.
Американскиот Сенат усвои нацрт-закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и кинескиот регион Тајван во вкупна вредност од 95 милијарди долари.