Свет
Исланд очекува за три години да влезе во ЕУ
Министерот за надворешни работи на Исланд, Есур Скафедисон денеска оцени дека на неговата држави ќе и бидат потребни три години да стане член на ЕУ
Министерот за надворешни работи на Исланд, Есур Скафедисон денеска оцени дека на неговата држави ќе и бидат потребни три години да стане член на Европската унија (ЕУ).
„Ние сме дел од европскиот економски простор и со тоа веќе сме преземале 75 отсто од законодавството на ЕУ. Тоа значи дека 22 од 35 поглавја на преговорите ги имаме исполнето“, изјави Скафедисон за виенскиот весник Стандард.
„На прв поглед се чини дека нема да ни биде неопходно многу време, но поглавјата кои ни недостасуваат се тешки, особено деловите за земјоделието и рибарството. Ако реално се гледа целата ситуација ќе ни требаат најмалку три години “, појасни шефот на исландската дипломатија.
Запрашан во која област може да се очекува да дојде проблеми и дали постои некоја црвена линија преку која Рејкјавик не сака да помине, Скафедисон го посочи рибарството, но додаде оти се надева на компромис. /крај/по/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

