Свет
Пожари дивеат во Шпанија, 200 евакуирани

Околу 200 луѓе се евакуирани денеска поради пожарите кои што дивеат во северниот дел на Шпанија кај Сарагоса, соопштија регионалните власти
Околу 200 луѓе се евакуирани денеска поради пожарите кои што дивеат во северниот дел на Шпанија кај Сарагоса, соопштија регионалните власти.
Огнот уништи 1,500 хектари борова шума, а властите во средата наложија превентивна евакуација на 200 луѓе од неколку општини.
Под контрола е и еден пожарот на канарскиот остров Тенерифе, поради кој што се евакуирани десеттина луѓе.
Пожарникарите се борат со пожар и крај Авила, северозападно од Мадрид. Во пожарот загинаа две лица од вкупно 11 кои ги изгубија животите во пожари ширум Шпанија./крај/хи/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Снаата на убиените во Чачак повикала полиција: пожарникарите влегле во станот низ прозорецот

Јован (77) и Милица (72) Баковиќ синоќа околу 22 часот се убиени во семејниот стан во Чачак.
За убиството е осомничен нивниот син Михајло, а како што дознаваат медиумите, неговата сопруга повикала полиција.
„Беа прекрасни луѓе, синот им доаѓаше секој ден, не разбираме што можеше да се случи. Слушнав дека на Михајло му се слошило, но не знам за што се работи. Синоќа му се јавила сопругата, тој не одговорил. Ниту тие не се јавиле, па таа дошла во станот. Таа тропнала на вратата, но никој не одговорил, не знаела што се случило и ја повикала полицијата, која ги пронашол телата во станот“, изјавил соседот за медиумите.
Убиениот Јован бил лекар во пензија, според написите.
Припадници на МВР во Чачак го приведоа М. Б. (41) од Чачак поради сомнение дека сторил кривично дело тешко убиство.
Како што беше дополнително соопштено, тој е осомничен за кривично дело тешко убиство и се сомничи дека со остар предмет ги убил родителите. По наредба на Вишото јавно обвинителство во Чачак, одредена му е мерка притвор до 48 часа, во кој рок со поднесување кривична пријава ќе биде изведен на распит во Обвинителството.
Свет
Папата Франциско: Болеста ми помогна појасно да ја видам апсурдноста на војната

Папата Франциско, кој беше хоспитализиран поради пневмонија, преку писмо повика на прекин на војните и на дипломатски решенија за конфликтите.
Во писмото до весникот „Кориере дела сера“ папата рече дека неговата долга болест му помогнала да му стане уште појасна апсурдноста на војната и го обновил својот повик до дипломатијата и меѓународните организации да најдат нова виталност и кредибилитет.
Папата укажа и на важноста на зборовите велејќи дека „мора да ги разоружаме зборовите, да ги разоружаме умовите и да ја разоружаме Земјата“. Претходно денеска, Бакингемската палата потврди дека кралот Чарлс ќе се сретне со папата Франциско меѓу 7 и 10 април и покрај болеста на католичкиот водач.
Папата (88) беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари со тешка респираторна инфекција и оттогаш не е виден во јавноста, пренесува „Танјуг“.
Регион
Во хрватскиот Сабор едноминутно молчење за загинатите во Македонија

Хрватскиот Сабор, денеска, со едноминутно молчење им оддаде почит на 59-те лица што завчера загинаа во пожарот во Кочани, Македонија.
„Загубени се многу млади животи и во име на хрватскиот Сабор сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите и да им посакам брзо закрепнување на повредените“, изјави претседателот на Собранието, Гордан Јандроковиќ.
Во пожарот што завчера избувна во „Пулс“ во Кочани загинаа 59 млади лица, а повеќе од 150 се повредени.