Свет
Луфтханза: Чадор во рака, 20 евра в џеб
Германската авиокомпанија „Луфтханза“, најави дека на патниците финансиски ќе им ги компензира евентуалните врнежливи денови во 36 туристички
Германската авиокомпанија „Луфтханза“, најави дека на патниците финансиски ќе им ги компензира евентуалните врнежливи денови во 36 туристички дестинации кон кои што лета.
„Во случај дождовите да ги уништат соништата за сончево летување“, Луфтханза сака „да го разбистри времето“ со 20 евра по ден од лице, се наведува во соопштението.
Германската компанија прецизно дефинирала што се тоа врнежливи денови: потребно е во текот на денот да паднат најмалку пет милиметри дожд на квадратен метар. Притоа компанијата ќе компензира максимално десет врнежливи денови, односно да врати 200 евра.
Гаранцијата за „убаво време“ важи за сите летови на компанијата од 1. септември до 31. октомври, со враќање најдоцна до 8. ноември и се однесува на неколку градови од јужна Европа (Мадрид, Барселона, Лисабон, Рим, Венеција, Марсеј, Ница), за некои северноамерикански градови, како и метрополи во Африка и Обединетите Арапски Емирати.
Понудата важи за сите билети кои што ќе бидат резервирани до 18. август. Ваквата мерка доаѓа откако голем број авиокомпании, меѓу кои што е и Луфтханза, ги почувствуваа последиците од финансиската криза./крај/хи/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

