Свет
Ирак ќе го забрани пушењето на јавни места
Ирачката Влада го разгледува донесувањето на закон со кој би се забранило пушење на јавни места
Ирачката Влада го разгледува донесувањето на закон со кој би се забранило пушење на јавни места.
Тоа ќе биде прв законски проект во земјата каде што палењето цигара е ритуал на иницијација за момчињата.
Владиниот портпарол Али Ал-Дабаг вчера изјави дека целта на овој закон е да се намали бројот на луѓето што почнуваат да пушат и да се зголеми свеста за штетноста од пушењето.
Ал-Дабаг рече и дека ќе биде забранета продажбата на цигари на малолетниците.
Ако законот биде усвоен, пушењето ќе биде забрането на јавни места како државните установи, училиштата, кината и аеродромите. Со новиот закон и во медиумите би се забранило рекламирањето цигари./крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

