Свет
Над 21 000 луѓе евакуирани во Кина поради тајфун
Над 21 000 луѓе се евакуирани од покраината Фуџиан, поради приближување на тајфунот Моракот, во југоисточна Кина
Над 21 000 луѓе се евакуирани од покраината Фуџиан, поради приближување на тајфунот Моракот, во југоисточна Кина.
Локалните медиуми јавуваат дека се очекува тајфунот да ја зафати покраината утре, поради што на безбедно се лоцираат 34 000 пловила.
Властите испратиле 8,4 милиони пораки на корисниците на мобилни
телефони, со цел да ги предупредат за доаѓањето на тајфунот.
Локалниот брег денеска го погодиле бранови високи шест метри, а надлежните предупредуваат дека нивната височина може да достигне и до девет метри./крај/хн/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

