Свет
Берлускони смета дека никому не треба да се извинува
Шефот на италијанската Влада Силвио Берлускони, со месеци вмешан во скандали со млади девојки, изјави дека никому не му должи извинување
Шефот на италијанската Влада Силвио Берлускони, со месеци вмешан во скандали со млади девојки, изјави дека никому не му должи извинување, па ниту на членовите на неговото семејство.
Во врска со неодамнешното интервју на својата ќерка Барбара(25), Берлускони на вчерашната конференција за новинарите во Рим заклучил дека ќерката многу го сака.
„Мојата ќерка многу ме сака. Ми изрази почитување и љубов“, рече Берлускони.
„Во секој случај, нејзиниот татко нема за што да си приговара во врска со приватниот живот. Никому за ништо не треба да му се извинува, ниту на членовите на семејството“, рече италијанскиот премиер, говорејќи за себе во трето лице.
„Шефот на Владата не крие трупови во гардероберот, никој не може да го уценува и никој и ништо не може да го деморализира“, тврди Берлускони, алудирајќи на аферата со млада жена за ескорт придружба, која со мобилен телефон ја фотографирала внатрешноста на неговата резиденција. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Силен земјотрес ја погоди Индонезија
Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди индонезискиот остров Суматра во близина на покраината Ачех, соопшти геофизичката агенција на земјата, пренесе Ројтерс.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри и нема потенцијал за цунами.
Свет
(Видео) Нови податоци: Најмалку 55 лица загинаа во пожарот во облакодер во Хонг Конг
Бројот на жртви од катастрофалниот пожар што зафати станбен облакодер во Хонг Конг се искачи на најмалку 55, потврди противпожарната служба на градот. Најмалку 123 лица се повредени во трагедијата, јавува Си-ен-ен.
Осум пожарникари кои учествувале во гаснењето на пожарот се меѓу повредените. Официјалните лица изјавија дека 51 лице починало на местото на настанот, додека четворица други им подлегнале на повредите во болница.
Противпожарната служба сè уште не објавила нови информации за бројот на лица кои сè уште се водат како исчезнати. Според претходните податоци од официјалните лица, по избувнувањето на пожарот се барале 279 лица.
фото: епа
Европа
Папата патува во Турција, ќе се сретне со Ердоган
Папата Лав денеска го започнува своето прво патување надвор од Италија како католички лидер со посета на Турција, каде што се очекува да апелира за мир на Блискиот Исток и да се обиде да поттикне единство меѓу долго поделените христијански цркви.
Првиот американски папа ја избра претежно муслиманската Турција како своја прва странска дестинација за да ја одбележи 1700-годишнината од значајниот раноцрковен собор што го создаде Никејското верување, кое сè уште го користат повеќето христијани во светот.
Лав, чиј тридневен распоред во Турција е преполн со настани пред да се упати кон Либан, ќе биде внимателно следен, особено додека ги прави своите први странски посети на чувствителни културни места.
„Тоа е многу важно патување бидејќи сè уште не знаеме многу за геополитичките ставови на Лав, а ова е првата голема можност за него да ги разјасни“, изјави за Ројтерс Масимо Фаџоли, италијански академик кој го следи Ватикан.
70-годишниот Лав, кој со својата придружба долета од аеродромот Фјумичино во Рим кратко пред 8 часот наутро, прво ќе ја посети турската престолнина Анкара, каде што ќе се сретне со претседателот Таип Ердоган и ќе им се обрати на политичките лидери. Тој вечерва ќе лета за Истанбул, дом на патријархот Вартоломеј, духовниот водач на 260-те милиони православни христијани во светот.
фото: епа

