Свет
Руски весник ги повлекува новинарите од Чеченија

Опозициониот руски весник „Нова газета" за кој работеше убиената новинарка Ана Политковскаја
Опозициониот руски весник „Нова газета” за кој работеше убиената новинарка Ана Политковскаја, соопшти дека веќе нема да испраќа новинари во Чеченија поради влошување на безбедносната ситуација
„Нова газета одлучи да ги прекине активностите на своите новинари, кои ја следеа ситуацијата во Чеченија”, наведе тронеделникот, следејќи го примерот на меѓународните хуманитарни организации
Заменикот главен уредник, Виталиј Јарочевски изјави дека не знае кога новинарите повторно ќе бидат испратени во Чеченија, поради влошувањето на безбедносната ситуација во таа кавкаска република
„Тоа беше тешка одлука, но поважни ни се животите на новинарите”, изјави тој.
Директорката на руската невладина организација за заштита на човековите права „Мемориал” Зарема Садулаева и нејзиниот сопруг пред два дена беа пронајдени мртви во Чеченија, ден откако беа киднапирани
Друга руска активистка за човекови права во Чеченија Наталија Естемирова беше киднапирана на 15. јули, а потоа е убиена во соседна Ингушетија./крај/б/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Европарламентарци: Србија итно треба да го преиспита својот став кон Русија

Застапниците во Европскиот парламент сакаат Србија да го преиспита својот став кон Русија, пренесува Euro news.
Од почетокот на руската инвазија во Украина официјален Белград одржува блиски контакти со Русија, спротивно на ставот на ЕУ.
Вчера членовите на Европскиот парламент одобрија годишен извештај за проценка во која се изразува жалење што Србија не ги усклади санкциите на ЕУ за Русија. Текстот е усвоен со 523 гласа за, 78 против и 34 воздржани.
„Постои итност во случајот со Србија да направи промени `дома` во врска со ставот кон Русија. Тоа е земја која секогаш гледала во различни правци, кога станува збор за надворешната политика. Мислам дека сега е време Србија да одлучи каде стои и се надевам дека ќе донесат јасна одлука кон Европа“, рече европарламентарецот Владимир Билчик.
Свет
Прва реакција од Москва за најавената оставка на Борис Џонсон

Кремљ објави дека британскиот премиер Борис Џонсон не ја сака Русија, а дека ниту Москва не го сака него.
„ Џонсон не нè сака, не ни се допаѓа ниту на нас“ – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој истакна дека веста дека Џонсон наскоро ќе поднесе оставка од премиерската функција не претставува ништо посебно за Кремљ.
Регион
Уапсен е експотпретседател на владата во Хрватска

Томислав Толушиќ – ексхрватски владин потпретседател е уапсен поради сомнеж за измама во врска со конкурс за субвенции во винскиот сектор, кои се добиени од европските фондови, соопштено е денеска од Загреб. Полицијата утринава упаднала во куќата на Толушиќ во Вировитица.
Тамошното МВР соопшти дека по налог на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител е спроведена криминалистичка истрага поради сомнеж за сторени кривични дела, односно субвенциски измами, злоупотреба на позицијата и поттик на злоупотреба.
Хрватското МВР не го наведува името на вториот осомничен во истиот случај, ексдржавен службеник, вработен во телата на државна управа. Во тек е спроведување на доказен материјал.
Толушиќ беше потпретседател на владата на Пленковиќ од мај 2018 до јули 2019 година.