Свет
Осум катна зграда се урна во Дубаи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/be117338-e8aa-40bf-b116-6f4da7ec081f-474.jpeg)
Во Дубаи, Обединети арапски емирати, се урна 8-катна зграда во изградба
Во Дубаи, Обединети арапски емирати, се урна 8-катна зграда во изградба.
Засега нема информации за евентуални жртви. Според полицијата половината зграда е урната, а другата половина се држи.
Градежниот сектор доживеа вистински бум во последните години во емиратите, но темпото успори заради светската криза. Во 2007 г. Мост во изградба се урна во Дубаи и уби седум работници./крај/бгнес/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Руте: Путин мора да разбере дека Западот е обединет
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/677z381_64-67ae16ce701bb.jpg)
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека е важно рускиот претседател Владимир Путин да разбере дека Западот е обединет кога ќе почнат преговорите за завршување на војната со Украина.
„Не знам точно што му е на ум претседателот Путин, се разбира. Тој е силен преговарач, тој е многу непредвидлив, но на крајот, доколку сакаме да постигнеме мировен договор, неопходно е тој да учествува“, рече Руте по денешната средба на министрите за одбрана на земјите-членки на Алијансата во Брисел, пренесе Ројтерс.
Руте додаде дека Украина дефинитивно ќе биде вклучена во секој мировен договор, а претходно рече дека договорот мора да биде од траен карактер, како и дека Киев мора да биде вклучен во сите дискусии за него.
„Од клучно значење е каков и да е исходот од преговорите, тој да биде траен и издржлив“, рече Руте.
Тој исто така рече дека е клучно Украина да биде вклучена во се што ја засега.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа и со украинскиот претседател Володимир Зеленски за итен почеток на преговори за ставање крај на војната.
Европските лидери порачаа дека и Украина и Европа мора да бидат вклучени во изнаоѓање мировно решение, пренесува Танјуг.
Свет
Зеленски: Нема да прифатиме ниту еден договор постигнат меѓу САД и Русија без наше учество
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/zelenski3.jpg)
Укрина нема да прифати какви било договори постигнати меѓу САД и Русија без нејзино учество, изјави попладнево Володимир Зеленски.
Зборувајќи за новинарите за неговиот телефонски разговор со Доналд Трамп, Зеленски истакна дека е клучно Украина да биде присутна на преговарачката маса. Тој додаде дека за време на разговорот со Трамп не станало збор за членството на Украина во НАТО, но признал дека е свесен за позицијата на САД дека не ја сака Украина во тој одбранбен сојуз.
„Денес е важно ништо да не оди според планот на Путин. Тој сака да ги води сите преговори билатерално со САД“, нагласи Зеленски.
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази надеж за мировен договор, но се чини дека тој веќе направил одредени отстапки пред Путин уште пред да започнат преговорите. Синоќа Трамп изјави дека е непрактично Украина да стане членка на НАТО и дека не е веројатно дека ќе можат да ја вратат целата окупирана територија.
Свет
Украинците од Запрожје: „Продажбата на Украина не е успех“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/izjavi.jpg)
Жителите на украинскиот град Запорожје, кој се наоѓа на линијата на фронтот, стравуваат дека плановите на Доналд Трамп да стави крај на војната претставуваат предавство на Украина, јавува „Би-Би-Си“.
„Многу се зборува за тоа дека Трамп ја предал Украина, а тоа изгледа многу лошо за нас“, рече Олександр Бездинов.
„Можете да се обидете да најдете нешто позитивно, но според она што го гледате во вестите, ситуацијата е катастрофална. Не гледам што ќе постигне Трамп ако заврши вака. Продажбата на Украина не е успех“, додаде Бездинов.
Викторија Мохалова, психолог од Запорожје, е скептична за какви било потенцијални договори меѓу американскиот и рускиот претседател.
„Ако е вистина дека Трамп и Путин склучуваат договори, тоа значи дека сме распродадени. Загрижена сум што Трамп покажува таков бесрамен презир кон меѓународното право. Путин е криминалец“, изјави Мочалова за Би-Би-Си.
Од друга страна, Ана Холовченко, ИТ експерт од Запорожје, има малку пооптимистички став: „Тој зборува многу, а малку прави на дело. Не е убаво да се слушне што рекол, но таков е. Ќе треба само да почекаме и да видиме што ќе се случи. Јавните изјави и меѓународната политика се две сосема различни работи”, додаде Холовченко.