Свет
Нов биланс во Ингушетија – 19 загинати

Според најновите податоци, најмалку 19 лица загинаа, а 79 се повредени во експлозијата, што изутрината ја изврши терорист самоубиец во Ингушетија
Според најновите податоци, најмалку 19 лица загинаа, а 79 се повредени во експлозијата, што изутрината ја изврши терорист самоубиец во Ингушетија.
Терорист со камион со експлозив изутрината ја пробил капијата на полициската управа во ингушетската престолнина Назран, во време кога се постројувале полицајците.
Меѓу повредените има и десетина деца, а се стравува дека бројот на загинатите и повредените во силната експлозија не е конечен.
Претседателот на Ингушетија Јунус-Бек Јевкуров, кој неодамна излезе од болница, откако врз него во јуни беше извршен напад, оцени дека денешниот атентат има за цел да крене паника и да ја дестабилизира состојбата во републиката.
Ингушетија е руска република во немирниот Кавказ и граничи со Чеченија./крај/бт/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Србија нема да воведе санкции против Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија и дека ќе се држи до својата сегашна политика, и покрај различните најави од владата.
Вучиќ рече дека граѓаните на Србија поддржуваат таков правец бидејќи тоа е „политика на независна и суверена држава“.
„Ќе продолжиме со нашата политика, која беше принципиелна и која досега се покажа како точна, која никому не му се допаѓаше, ниту на оние на Запад ниту на оние на Исток“, нагласи Вучиќ.
Реакцијата на Вучиќ следи по интервјуто на министерот за европски интеграции Немања Старовиќ за австриската агенција АПА. Старовиќ навести дека Србија може да размисли за усогласување со санкциите на ЕУ против Русија откако нејзиното членство во Унијата ќе стане неизбежно.
Тој објасни дека одбивањето да се воведат санкции произлегува од економска неопходност, а не од политичка лојалност кон Москва.
„Русија воопшто нема да биде погодена, но српската економија ќе биде погодена во огромна мера“, рече Старовиќ.
Сепак, претседателот Вучиќ ги отфрли тие изјави, нарекувајќи ги „невнимателни“.
„Жал ми е што некои од нашите пријатели во руските медиуми едвај чекаат да најдат нешто за кое ќе ја критикуваат Србија. Исто така, жал ми е што имаме многу луѓе на нашата домашна политичка сцена кои би сакале да ги бранат Русите отколку Србија. Морам да ги разочарам, Србија нема да воведе санкции врз Русија“, рече Вучиќ.
Свет
САД и ЕУ постигнаа договор за царините

Соединетите Американски Држави и Европската Унија постигнаа рамковен трговски договор, објавија американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, избегнувајќи понатамошни компликации во спорот меѓу двата сојузници кои сочинуваат речиси една третина од глобалната трговија.
Тоа беше постигнато откако фон дер Лајен отпатува во Шкотска на разговори со Трамп за да ги протурка месеците тешки преговори меѓу Брисел и Вашингтон. Договорот вклучува царини од 15% за стоките од ЕУ што влегуваат во САД и предвидува ЕУ да купи значителни количини американска енергија и воена опрема.
Together, the EU and the US are a market of 800 million people.
And nearly 44 percent of global GDP.
It’s the biggest trade deal ever ↓ https://t.co/rG3cHebXEk
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) July 27, 2025
Исто така, предвидува 600 милијарди долари инвестиции од ЕУ во Соединетите Држави, изјави Трамп за новинарите. Трамп, читајќи од парче хартија, рече дека ЕУ ќе се согласи да купи американски енергетски производи во вредност од 750 милијарди долари.
„Мислам дека ова е најголемиот договор досега“, им рече Трамп на новинарите по едночасовниот состанок со фон дер Лајен, која рече дека царината од 15 проценти „важи за сè“.
„Имаме договор меѓу двете најголеми економии во светот и тоа е голема работа. Огромен договор. Ќе донесе стабилност. Ќе донесе предвидливост“, рече таа.
Основната царина од 15 проценти ќе биде сфатена од многумина во Европа како лош исход во споредба со почетната европска амбиција да преговараат за нулта царина едни со други, но сепак е подобра од стравуваната стапка од 30 проценти.
Договорот е многу сличен на оној постигнат меѓу САД и Јапонија минатата недела.
„Се согласивме дека царините… за автомобили и сè друго ќе бидат 15 проценти“, рече Трамп. Сепак, царините нема да важат за челик и алуминиум, кои ќе останат на 50 проценти.
Договорот следеше по две недели тензии предизвикани од писмото на Трамп до Урсула фон дер Лајен, во кое се закани дека ќе ги зголеми царините за повеќето европски производи на 30 проценти доколку не се постигне договор до 1 август. Ескалацијата на Трамп ги изненади преговарачите на ЕУ, кои веруваа дека прелиминарниот договор е на дофат.
Потоа Европската Унија активираше контрамерки, подготвувајќи список од американски производи во вредност од 93 милијарди евра – од авиони и автомобили до соја и кентаки бурбон – кои ќе се соочат со одмазднички царини.
Трамп, кој претходно изјави дека е „во лошо расположение“, на крајот изрази задоволство од исходот.
„Ова ќе донесе многу единство и пријателство. Ќе функционира навистина добро“, рече тој. Фон дер Лајен ја нагласи важноста на избалансираната трговија што обезбедува просперитет и работни места од двете страни на Атлантикот.
Иако е постигнат договор, заедничка изјава или текстот на договорот сè уште не се објавени. Извори блиски до европскиот преговарачки тим велат дека е клучно што е можно поскоро да се формализира писмен документ. Се очекува Европската комисија во понеделник да ги информира амбасадорите на земјите-членки за деталите од договорот.
Свет
Неколкумина загинаа откако патнички воз излета од шините во југозападна Германија

Неколку лица загинаа, а многу други се повредени откако патнички воз излета од шините во југозападна Германија, јави ДПА, повикувајќи се на безбедносни извори.
Спасувачките тимови се на местото на настанот и го пребаруваат возот и околината во потрага по патници.