Свет
Се испитува случајот со холдингот БС и Алмако банка
Обвинителството истражува дали има криминал во случајот со невратениот долг од кредитот што холдинг-компанијата БС го зела од Алмако банка во 1999 година, изјави за “Дневник” државниот јавен обвинител Александар Прчевски.
ПО ИНИЦИЈАТИВА НА АНТИКОРУПЦИСКАТА
Обвинителството истражува дали има криминал во случајот со невратениот долг од кредитот што холдинг-компанијата БС го зела од Алмако банка во 1999 година, изјави за “Дневник” државниот јавен обвинител Александар Прчевски. Антикорупциската комисија поднесе иницијатива до обвинителството да поведе кривична постапка против стечајниот управник на Алмако банка и одговорните во холдинг-компанијата БС за злоупотреба на службената положба бидејќи со овозможување да не се врати долг од земен кредит останале неисплатени побарувањата на повеќе доверители – државни органи и институции од вкупно 22.670.000 денари.
– Случајот е предаден во скопското Јавно обвинителство. Веќе е отворен предмет и случајот се испитува – вели Прчевски.
Договорот за земање долгорочен кредит од 806.870 германски марки помеѓу Алмако банка и холдинг-компанијата БС бил склучен на 25 јануари 1999 година. Кредитот требало да биде вратен во 40 еднакви тримесечни рати, почнувајќи од 30 март 2000 заклучно со 31 декември 2009 година, со бескаматен период од една година. Договорот го потпишале директорот на банката Методија Тошевски и директорот на холдингот БС, Олга Камшикоска. Холдинг-компанијата БС заради обезбедување на кредитите депонирала во банката 20 потпишани акцептни бланко-налози со овластување за нивно пополнување, три потпишани бланко-меници со менична изјава за пополнување и хипотека над недвижен имот на стечајниот должник АД “Скопјанка”. Има и клаузула според која фирмата без согласност на банката не смее да врши статусни промени до конечното враќање на кредитот и на каматата.
Бидејќи холдингот БС не си ги извршувал целосно договорените обврски, стечајниот управник на Алмако банка, Рајко Ковачевиќ, неколкупати во ноември 2001-ва, јануари, мај, октомври 2002 година упатувал дописи директно до директорот на БС, Борис Стојменов, да си ги платат обврските. Во еден од дописите е нагласено дека банката е во стечај, па според законот, мора да се плати целосниот долг. Судското решение обврзувало сите предмети и други имотни права веднаш да се претворат во пари.
Во друг допис стечајниот управник на Стојменов му напишал дека повеќе нема можности за отстапки за доцнењето на враќањето на долгот.
Но, сепак стечајниот управник не ги активирал оставените акцептни налози и хипотеката, туку се согласил долгот да се пренесе на фирмата “А” ДООЕЛ Скопје. Два и пол месеци подоцна, тој до Агенцијата за блокирани сметки доставил налог на наплата на акцептен налог на 5.204.226 денари, но налогот бил вратен со образложение дека должникот има судско решение за затворен стечај. Еден месец претходно, на 16 декември 2002 година, во Основниот суд 1 во Скопје била отворена стечајна постапка за холдингот БС, за долг од 57.828.000 денари. Стечајната постапка веднаш била заклучена со образложение дека должникот, холдинг-компанијата БС нема имот, па е неликвиден и не може да ги исполни своите парични обврски, а жиро-сметката 45 дена му била непрекинато блокирана. (Н.Н.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

