Контакт

Свет

Судир на возови во Германија, 52 повредени

Објавено пред

Повредени се 52 лица, од кои четири потешко во судир на два туристички возови во Саксонија, источна Германија, јавија попладнево локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Повредени се 52 лица, од кои четири потешко во судир на два туристички возови во Саксонија, источна Германија, јавија попладнево локалните медиуми.Околу 250 луѓе патувале во двата парни возови, кои што се судриле од засега непознати причини во близина на местото Фридевалд.Четворицата потешко повредени патници се задржани во болница./крај/бгнес/амп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Хамас ослободи шест израелски заложници во нова размена

Објавено пред

Хамас денеска ослободи шест израелски заложници од Газа, седма размена според примирјето што стапи на сила на 19 јануари во Појасот Газа.

dobivaj vesti na viber

Како и во претходните размени, вооружени борци со качулки од палестинското исламистичко движење парадираа со петте заложници на подиумите, пред големите плакати во чест на убиените борци на Хамас, пред да ги предадат на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст потоа ги префрли во возила и ги предаде на израелската армија, која ги пренесе во болница.

Војската објави дека е ослободен и шестиот заложник, Хичам ал-Сајед (37), бедуин кој бил заробен во Газа речиси десет години. И тој пристигна во Израел.

Останатите пет заложници беа киднапирани во напад на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Елија Коен (27), Омер Шем Тов (22) и Омер Венкерт (23) беа киднапирани на фестивалот Нова.

Тал Шохам (40) и Авера Менгисту (39) беа ослободени претходно во саботата во Рафа.

Со размената се очекува да бидат ослободени 602 палестински затвореници.

Ова е последна размена во рамките на првата фаза од прекинот на огнот во Појасот Газа.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Бугарија, десничарите против воведувањето на еврото

Објавено пред

Приврзаниците на крајната десница денеска се судрија со полицијата за време на протестот за поддршка на бугарската валута лев и против воведувањето на еврото, јавува Анадолија.

dobivaj vesti na viber

Протестот се одржа пред Бугарската народна банка (БНБ) и пред претставништвото на Европската комисија во Софија.

Демонстрантите се обидоа да упаднат во зградата на претставништвото на Европската унија, користејќи црвена боја, петарди и молотови коктели. Околу 10 полицајци се повредени, а шест лица се уапсени.

Демонстрантите потоа ја запалија вратата од зградата на претставништвото на Европската комисија во Бугарија, јави репортерот на БГНЕС.

Бугарските парламентарци минатата година усвоија нацрт-закон за преминување на еврото како национална валута од почетокот на 2025 година. Сепак, влезот во еврозоната беше одложен поради високата инфлација и други економски фактори.

Предлог-законот ги регулира принципите, рамката и процедурите за воведување на еврото во Бугарија и ги утврдува правилата и преоден период за да им се даде време на граѓаните да се прилагодат на новата валута.

Прикажи повеќе...

Европа

Нова анкета: Зеленски попопуларен отколку пред руската инвазија

Објавено пред

ОКОЛУ 63 отсто од Украинците ги одобруваат постапките на Володимир Зеленски како претседател, според истражувањето спроведено од проектот „Идентитет и граници: случајот на Украина“ (IBIF) во партнерство со Киевскиот Меѓународен институт за социологија (КИИС).

dobivaj vesti na viber

Анкетата беше објавена набргу откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Зеленски има „4 отсто поддршка“ без да наведе извор за да го потврди своето тврдење. Набргу потоа, Трамп го нарече Зеленски „диктатор“. Истражувањето беше спроведено помеѓу ноември 2024 година и јануари 2025 година. Во него учествувале 1600 испитаници. Проектот ИБИФ е првенствено финансиран од Британската академија.

Околу 26,1 отсто од Украинците рекле дека целосно го одобруваат Зеленски, додека 36,9 отсто рекле дека главно го одобруваат. Вкупната бројка е повисока отколку во анкетите спроведени пред целосната руска инвазија и во пролетта 2024 година. Анкетата покажа дека 14,4 отсто целосно не ги одобруваат постапките на Зеленски како претседател, додека 18,3 отсто рекле дека главно не ги одобруваат.

Значи, Зеленски:

– целосно го одобруваат – 26,1 отсто од испитаниците
– главно го одобруваат – 36,9 отсто од испитаниците
– целосно не го одобруваат – 14,4 отсто од испитаниците
– главно не го одобруваат – 18,3 испитаници

Вкупно 73 отсто од испитаниците потврдиле дека Зеленски би можеле да го наречат „интелигентна личност“, додека 63 отсто го нарекле „силен лидер“. Зеленски останува најпопуларниот украински политичар, кој води во анкетите за претстојните претседателски избори, пренесува КИИС.

Помеѓу 26 и 32 отсто од Украинците се подготвени да гласаат за Зеленски во првиот круг, според истражувањето. Зеленски значително го надмина својот претходник, бизнисменот и пратеник Петро Порошенко, кој имаше 5-6 отсто во анкетите, пренесува „Киев Индепендент“.

„Потенцијален кандидат во вториот круг би можел да биде популарната воена фигура генерал Валериј Залужни, поранешен врховен командант и актуелен украински амбасадор во Обединетото Кралство, но тој јавно не изразил никакви политички амбиции“, соопшти КИИС.

Во Украина требаше да се одржат претседателски избори во пролетта 2024 година, но тие беа одложени поради целосна руска инвазија. Украинскиот устав не дозволува избори за време на воена состојба.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион41 минута

(Видео) Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Бугарија, десничарите против воведувањето на еврото

Приврзаниците на крајната десница денеска се судрија со полицијата за време на протестот за поддршка на бугарската валута лев и...

Топ2 часа

Нападната и силувана девојка од Скопје, уапсен 37-годишник

Денеска во 01.20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 37-годишниот Б.Б. од Скопје, постапувајќи...

Топ2 часа

Додека управувал возило му се слошило и починал: автомобилот излетал од патот во Радовиш, удрил во столб па во паркиран „форд“

Вчера во 10.52 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на улицата „8 Септември“ во Радовиш, додека управувал патничко...

Топ7 часа

(Фото) Претрес во Тетово, пронајдена дрога, уапсен дилер

Вчера во 16.55 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 37-годишниот М.М. од Тетово. При...

Македонија7 часа

(Видео) „Скандалозната одлука на Таравари за КАРИЛ: Загрозени животи и распад на здравствениот систем“, вели Цветаноски

„Здравството е во тотален хаос, ништо не функционира, нема лекови, нема соодветни услуги, не работат важни центри. Со последната скандалозна...

Свет8 часа

Хамас го предаде телото на Шири Бибас, пред два дена предале погрешно тело

Од кибуцот Нир Оз денеска беше потврдено дека телото на жената предадено од палестинската екстремистичка група Хамас во Појасот Газа...

Свет8 часа

„Њујорк Пост“ до Трамп: Ова е диктатор

На насловната страница на вчерашното издание на „Њујорк пост“ беше објавена фотографија од рускиот претседател Владимир Путин со натпис: „ОВА...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски од Вашингтон: Македонија е верен сојузник на САД, направивме многу отстапки, Европа треба да биде принципиелна наместо со двојни стандарди

Премиерот Христијан Мицкоски вчера се обрати на конференцијата „CPAC“ во Вашингтон, при што ја искористи приликата да ја запознае американската...

Македонија10 часа

Со секира го искршиле стаклото од кафулето, па со бензин го запалиле: обвинение против тројца за намерно предизвикување пожар во Кисела Вода

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против вкупно три лица кои се...

Свет1 ден

(Видео) „Децата биле брутално убиени со голи раце“: Израел го обвини Хамас за убиство на двете киднапирани момчиња

Ариел и Кфир Бибас, две израелски момчиња киднапирани од Хамас за време на терористички напад на 7 октомври 2023 година,...

Свет1 ден

Трамп: Зеленски не е доволно важен за да биде на преговорите

Американскиот претседател ја продолжи вербалната војна против својот украински колега. Овој пат Доналд Трамп изјави дека Зеленски не е доволно...

Македонија1 ден

Нема потреба од промена на химната, симболите треба да обединуваат, а не да разединуваат, порача Сиљановска-Давкова

Нема потреба од промена на химната, одговори денеска претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, која појасни дека треба да се биде...

Македонија1 ден

Вработените во Филхармонијата со порака до Љутков: „Нема да дозволиме институцијата да биде жртва на бесрамни политички договори

Вработените во Македонската филхармонија денеска на протест преку кој упатија јавен апел до министерот за култура и туризам, Зоран Љутков...

Македонија1 ден

Полициски возила ќе ги снимаат погрешно паркираните за автоматско казнување

Покрај камерите на улиците во рамките на „Безбеден град“, кои ќе ги ловат прекршоците во сообраќајот, полицајци со возило опремено...

Свет1 ден

„Ројтерс“: Американците и Русите се состанувале во Швајцарија со месеци на разговори за Украина

Претставници на САД и Русија се состанале во Швајцарија на неформални разговори за војната во Украина во последните месеци, од...

Македонија1 ден

Левицата на средба со рускиот амбасадор: „Односите ни се на минимум поради водење политика за туѓи интереси“

Во репрезентативната „Струшка сала“ на Собранието, пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Реџеп Исмаил – Хактан, вчера, остварија средба со...

Македонија1 ден

Мицкоски од Вашингтон: Прво, завршени преговори, па уставни измени, претрпевме многу понижувања

Ние како нација направивме сè што можевме, претрпевме многу понижувања и прифативме многу лоши договори поради нашата европска перспектива и...

Свет1 ден

Шефот на диломатијата на Трамп: Нема средба меѓу Путин и Трамп без напредок за крај на војната

Можниот состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во голема мера ќе зависи од тоа дали...

Македонија1 ден

Меџити најавува масовни вработувања во администрацијата: Ќе создадеме илјадници работни места за Албанците

Првиот вицепремиер и претседател на Демократското движење, Изет Меџити, ветува дека Албанците ќе се вработуваат во државната и јавната администрација....

Свет1 ден

Tрамп му понуди на Зеленски нов договор за минералите

Администрацијата на Трамп и понуди на Украина подобрена верзија од нацрт-договорот за минералите, откако претседателот Володимир Зеленски го налути американскиот...