Свет
Командантот на ИСАФ предупредува на неуспех во Авганистан

Командантот на меѓународните сили во Авганистан, американскиот генерал Стенли МекКристал предупреди дека без големување на бројот на
Командантот на меѓународните сили во Авганистан, американскиот генерал Стенли МекКристал предупреди дека без големување на бројот на војниците, коалицијата би можела да доживее неуспех„Ако не ја преземе иницијативата и не ја скршиме сегашната офанзива на бунтовниците во следните 12 месеци, очекувајќи да созреат авганистанските безбедносни сили, би можела да западнеме во ситуација кога веќе нема да биде можно да се победат бунтовниците”, пишува генералот МекКристал во документот што го објави Вашингтон Пост.Извештајот е всушност стратешка проценка на авганистанскиот судир и е поднесен до америкаснкиот министер за одбрана Роберт Гетјс.Во недостаток на дополнителни средства на коалицијата и се заканува „подолг судир, повеќе жртви, повисоки трошоци и на крај клучниот недостаток на политичка поддршка. Секоја од овие закани може да придонесе во кон веројатниот несупех на мисијата“, пишува генералот МекКристал.Генералот е највисокиот американски офицер во Авганистан, кој командува со ИСФА и американските сили./крај/ф/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Шефот на ОН: Американскиот напад може да доведе до катастрофални последици

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, го прогласи американскиот напад врз Иран за „опасна ескалација во регион кој веќе е на работ“, нагласувајќи дека тоа е директна закана за меѓународниот мир и безбедност.
„Постои се поголем ризик овој конфликт брзо да излезе од контрола, со катастрофални последици за цивилите, регионот и светот“, рече Гутереш.
„Во овој опасен момент, клучно е да се избегне вител на хаос. Нема воено решение. Единствениот пат напред е дипломатијата. Единствената надеж е мирот“, нагласи функционерот.
Свет
Нема контаминација околу нуклеарните постројки што ги нападна САД, објави иранскиoт регулатор

Иранскиот надзорник за нуклеарна енергија извести дека нема траги од контаминација околу погодените објекти и дека нема опасност за жителите на околните области, пренесува Ројтерс.
Американските сили бомбардираа три ирански нуклеарни постројки во неделата рано наутро кои се целосно уништени, според американскиот претседател Доналд Трамп.
Иранските медиуми објавија дека по американските напади не се пронајдени траги на контаминација во областите околу нуклеарните постројки и дека нема опасност за жителите на околните градови, пренесе Ројтерс.
Не се откриени радиоактивни траги во околината на Саудиска Арабија и другите земји од Персискиот залив по американскиот напад врз иранските нуклеарни постројки, објави во неделата нуклеарната организација на Саудиска Арабија на платформата „Икс“.
Свет
Иран најави одговор по нападот на САД: „Ќе има трајни последици“

Иран го задржува правото на сите опции за самоодбрана по американското бомбардирање на иранските нуклеарни постројки, објави иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи на платформата „Икс“, нагласувајќи дека американските напади се невидени и ќе имаат трајни последици.
Иранскиот министер изјави дека САД, како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, извршиле сериозно прекршување на Повелбата на Обединетите нации со нападот на иранските нуклеарни постројки.
„Настаните утринава се срамота и ќе имаат трајни последици. Секоја членка на ОН мора да биде вознемирена од ова крајно опасно и криминално беззаконие“, рече Аракчи.
Иран го задржува правото на сите можности да го брани својот суверенитет, своите интереси и својот народ, во согласност со Повелбата на Обединетите нации и одредбите кои дозволуваат легитимен одговор во самоодбрана, заклучи иранскиот министер.
Американските сили рано утринава бомбардираа три ирански нуклеарни постројки, објави мериканскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека операцијата била исклучително успешна и дека објектите се „целосно уништени“.
Трамп му се закани на Иран со нови напади доколку Техеран не се согласи на мир, нагласувајќи дека САД ќе одговорат со „уште посилна сила“ на секоја можна одмазда.