Свет
Директорите на банките со „безобразни“ плати

Платите на директорите на големите банки се разликуваат драстично од држава до држава, а „најбезобразни“ се во САД, покажа
Платите на директорите на големите банки се разликуваат драстично од држава до држава, а „најбезобразни“ се во САД, покажа истражувањето спроведено од Ројтерс.Според платата на Ѓијанг Ѓианчинг, кој минатата година заработи 234.700 долари, никако не би можело да се заклучи дека тој е директор на најголемата светска банка. Но тој навистина е тоа – Индустриска и комерцијална банка на Кина е најголема во светот по пазарната вредност.И покрај тоа, нејзиниот директор заработил помалку од два отсто од 19,6 милиони долари што лани ги добил Џејми Дајмон, извршен директор на „Џеј-Пи Морган Чејс“.САД се седиште на четири од девет најголеми светски банки – покрај „Џеј-Пи Морган“, тука се и „Бенк оф Америка“, „Велс Фарго“ и „Ситигруп“.Американските банки секогаш се правдаат дека за помалку пари не можат да добијат квалитетен кадар.Надвор од САД најдобро беше платен Алфредо Саенц од банката „Сантандер“(седма во светот) со 13,66 милиони долари. „Кралската банка на Канада“ го плати Гордон Никсон 9,5 милиони, додека Ралф Норис од австралиската „Комонвелт банка“ доби осум милиони.Најголемата јапонска банка „Митцибуши“ не скала да ја соопшти платата на својот директор. /крај/мо/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Силен земјотрес ја погоди Индонезија, се стравува од повредени

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 17:54 часот во Индонезија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина -10,1246 и географска должина 119,0393.
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 37 километри под површината на земјата во близина на островот Сумба.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Во Мјанмар минатата недела беше регистриран разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени.
Свет
Премиерот на Гренланд: Со нетрпение ја очекувам посетата на данската премиерка

Гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен денеска изјави дека со нетрпение ја очекува посетата на данската премиерка Мете Фредериксен во среда.
Нилсен рече дека Гренланд долго време ја посакувал оваа посета, објави Ројтерс.
Тој во неделата рече дека САД нема да го добијат Гренланд, одговарајќи на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да ја преземе контролата врз оваа самоуправна автономна територија под суверенитет на Данска.
Свет
Од кабинетот на Зеленски негираат дека тој се подготвува да се кандидира за втор мандат

Од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски го демантираат извештајот на британскиот Економист дека Зеленски се подготвува да се кандидира за втор мандат на претседателските избори во јули.
Оттаму исто така, негираа дека Зеленски одржал состанок за изборите во јули, на кој наводно, според Економист, му наредил на својот тим да ги организира изборите, пренесе УНИАН.
Извор од украинската влада изјави дека главното прашање сега е постигнување мир и дека е целосно лажно дека подготовките за изборите веќе се во тек.