Контакт

Свет

Меркел освои уште еден мандат

Објавено пред

Официјалните резултати од германските парламентарни избори, објавени изутринава, покажуваат дека канцеларката Ангела Меркел ќе ја води земјата

dobivaj vesti na viber

Официјалните резултати од германските парламентарни избори, објавени изутринава, покажуваат дека канцеларката Ангела Меркел ќе ја води земјата во уште еден мандат.Демохристијанската унија (ЦДУ/ЦСУ) на Меркел освои 33,8 отсто од гласовите на неделните избори, а нејзиниот нов коалиционен партнер Либерално демократската партија (ФДП) 14,6 отсто од гласовите.Изборниот резултат на двете партии им обезбедува 332 пратенички места, што е стабилно мнозинство во долниот дом на парламентот.Социјалдемократската партија на Германија (СПД) освои 23 отсто, Зелените 10,7 отсто, а Партијата на левицата 11,9 отсто.„Вечерва можеме навистина да славиме, но пред нас се уште многу проблеми кои треба да се решат“, изјави германската канцеларка Меркел по објавувањето на резултатите од гласањето.Шефот на СПД, партнерот во големата владина коалиција во заминување, Франк Валтер Штајнмајер, призна дека неговата партија претрпела „горчлив пораз“./крај/х/ег/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Палестинскиот претседател го обвини Израел за холокаустот врз неговиот народ

Објавено пред

Палестинскиот претседател Махмуд Абас вчера предизвика бес кога го обвини Израел дека извршил „холокауст“ врз Палестинците, говорејќи на прес-конференција во Берлин со германскиот канцелар Олаф Шолц. На заедничката прес-конференција Абас рече дека „Израел извршил 50 масакри на 50 палестински локации од 1947 година. Потоа додаде „50 масакри, 50 холокаусти“.

dobivaj vesti na viber

Забелешките на Абас беа одговор на новинар кој праша дали ќе му се извини на Израел на 50-годишнината од нападот на палестинските терористи врз израелските спортисти на Олимписките игри во Минхен во 1972 година, во кој загинаа 10 израелски спортисти и тренери и еден германски полицаец.

Шолц ги слушаше изјавите на Абас со израз на загриженост и навреденост, но веднаш не одговори. Неговиот портпарол Штефен Хебестрајт ја прогласи прес-конференцијата за завршена веднаш по одговорот на Абас, кој претходно беше најавен како последно прашање.

Хебестрејт потоа рече дека Шолц бил огорчен од изјавите на Абас. „Особено за нас Германците, секое релативизирање на Холокаустот е неподносливо и неприфатливо“, изјави Шолц подоцна за германскиот таблоид Билд.

Реагираше и израелскиот премиер Јаир Лапид. „Махмуд Абас на германско тло го обвинува Израел дека извршил „50 холокаусти“, што не само што е морален срам, туку и монструозна лага“, напиша Лапид. „Шест милиони Евреи беа убиени во холокаустот, вклучително и еден и пол милион еврејски деца“, напиша Лапид, додавајќи дека „историјата никогаш нема да му прости“, пренесе Индекс.хр.

Прикажи повеќе...

Свет

Новата ракета на НАСА се подготвува за првото лансирање, ќе орбитира околу Месечината

Објавено пред

Џиновската лунарна ракета на НАСА, Space Launch System, го започна своето бавно, повеќечасовно патување до лансирната рампа во средата.

dobivaj vesti na viber

Во меѓувреме се прават подготовки за првото лансирање на Месечината, кое според планираното треба да се случи за помалку од две недели.

Овој проектил е изграден од Lockheed Martin Corp. На врвот се наоѓа вселенската капсула Орион на НАСА. Инаку, оваа капсула е дизајнирана да се одвои од ракетата во вселената и да транспортира луѓе на Месечината.

На 29 август, ракетата висока 98 метри треба да ја лансира својата прва вселенска мисија без екипаж. Тоа ќе биде клучно, долго одложено демонстративно патување до Месечината за програмата на НАСА Артемис, проект на Соединетите Американски Држави вреден повеќе милијарди долари за враќање на луѓето на површината на Месечината како подготовка за идните мисии на Марс.

Систем за вселенско лансирање, чиј развој беше предводен од Boeing Co во изминатата деценија, излезе од нејзината зграда за склопување во вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида и го започна своето патување од шест километри до лансирната рампа, движејќи се со брзина помала од еден километар на час.

За мисијата на 29 август, наречена Артемида 1, капсулата Орион ќе се лансира на врвот на беспилотниот систем за вселенско лансирање и ќе орбитира околу Месечината пред да се врати на Земјата за да слета во океанот 42 дена подоцна.

Доколку има временски услови или какви било технички проблеми, НАСА има резервни датуми за лансирање на 2-ри и 5-ти септември,пренесе Аваз.ба.

Прикажи повеќе...

Свет

Шест лица се повредени во близина на болница во Мемфис, Тенеси

Објавено пред

Шест лица се ранети рано во вторникот во близина на болницата „Методист Норт“ во Мемфис, Тенеси, соопштија претставници на болницата и полицијата.

dobivaj vesti na viber

Полицијата во Мемфис реагирајќи во 12:42 часот по средноевропско време во близина на Њу Ковингтон Пајк и експресниот пат Остин Пеј пронашла шест жртви „сите наводно застрелани од осомничен во црн теренец“, соопшти нивниот оддел, според Си-Ен-Ен.

Четири жртви се во критична состојба, соопшти полицијата во Мемфис неколку часа подоцна. Останатите двајца пациенти се надвор од животна опасност.

Според Архивата на оруженото насилство, ова е едно од 400-те масовни престрелки оваа година во Соединетите држави. Масовно пукање се дефинира како пукање во кое четири лица, не вклучувајќи го напаѓачот, се застрелани.

Ниту еден вработен во болницата не е повреден во пукањето, се вели во соопштението на Methodist Healthcare од Мемфис,пренесе Денес.рс.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет42 минути

Шолц: Војната е на Путин, а не на рускиот народ

„Граѓаните на Русија не ја започнаа војната, но мора јасно да кажеме дека ја поддржуваат“, изјави во понеделникот вечерта финската...

Европа56 минути

(Видео) Шумски пожар зафати патнички воз во Шпанија, патниците скокале од вагонот, повеќе од 20 луѓе се повредени

Повеќе од 20 патници се здобиле со изгореници откако скокнале од воз кој бил зафатен од шумски пожар во близина...

Свет1 час

Жена од Саудиска Арабија е осудена на 34 години затвор поради користење Твитер

Салма ал Шебаб (34) е осудена на 34 години затвор бидејќи користела Твитер за да ги следи неистомислениците и активистите,...

Свет1 час

Алигатор убил жена откако не сакајќи паднала во езеро додека работела

88-годишна жена е убиена од алигатор откако случајно паднала во езеро додека работела во градината на заедница на постари лица,...

Свет2 часа

Северна Кореја лансираше две крстосувачки ракети

Денеска Северна Кореја најверојатно тестирала две крстосувачки ракети кон Жолтото Море, изјави јужнокорејски воен претставник, а пренесува „Јонхап“. Лансирањето се...

Свет2 часа

Бајден го потпиша Законот за климата вреден 430 милијарди долари

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја потпиша сметката од 430 милијарди долари, која се смета за најголем пакет климатски мерки во...

Македонија14 часа

(Видео) Невреме во Неготино – паднати дрвја, бандери, поплавени дуќани и автомобили

Големото невреме кое денеска го зафати Неготино зад себе остави паднати дрвја, бандери, поплавени дуќани и автомобили. Силниот ветер носел...

Топ15 часа

Скопјанка киднапирала бебе во ГТЦ и со такси го однела во Ѓорче Петров

Денеска полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот...

Македонија19 часа

Вилма Русковска е суспендирана, дисциплинска за уште две обвинителки

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска добила решение за суспензија.  Според информации на „Макфакс“, одлуката е...

Македонија20 часа

Обвинителството ќе го испитува регистрирањето на бугарските здруженија во Македонија

Основното јавно обвинителство Охрид денеска по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата...

Македонија20 часа

ВМРО-НП: Тие што гласно се чудат да се прашаат зошто некој манипулирал и ги учел со лажни податоци

ВМРО-Народна партија го поздравува напредокот на двете историски комисии како чин на позитивниот пат на Северна Македонија кон Евро-атланската интеграција....

Економија20 часа

Од септември мерки за штедење на струја, државните институции ќе мора да ги намалат сметките за 15 отсто

Државните институции од септември ќе мора да ги намалат сметките за електрична енергија за 15 отсто во однос на истиот...

Македонија21 час

Регистрирани 590 нови случаи на коронавирус, починаа 2 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.593 тестови,...

Македонија23 часа

Бугарските историчари прогласија победа: „Ќе продолжиме да ги браниме позициите и за јазикот, браќата Миладиновци и Гоце Делчев“

Двегодишната битка за одбрана на позицијата на Бугарија во историските спорови со Северна Македонија ја достигна првата победа. Ова се...

Регион1 ден

Ќе требаат нови операции за децата повредени во автобуската несреќа во Бугарија

Двете повредени деца, кои вчера од Стара Загора беа пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија, сè уште се во тешка...

Македонија1 ден

Демократски сојуз: Грешки со историски димензии

Демократскиот сојуз предупредува на процес на сечење на македонските корени преку заедничката комисија за историски и образовни прашања, со што...

Македонија1 ден

СДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно менување на историјата

„Паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со кои со месеци ги вознемируваа граѓаните и се обидуваа...

Европа1 ден

Киевскиот градоначалник Виталиј Кличко се разведува по 25 години брак

Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс Виталиј Кличко (51) се разведува од сопругата Наталија, по 25 години...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да одговори, или уставни измени веднаш во Собрание или оставка и избори

„Секојдневните предавства од криминалната власт на СДСМ и ДУИ треба да престанат. Константните притисоци од власта на Ковачевски кон пратениците...

Европа1 ден

Путин: Тоа што го прави Западот е глупаво

Владимир Путин ги нарече „залудни“ обидите да се поништи руската култура и самата Русија. „Тоа е едноставно глупаво. А оние...