Свет
Најмалку 130 луѓе загинаа во невреме во Индија
Најмалку 130 луѓе загинаа во јужниот дел на Индија, кој деновиве беше зафатен од поројни дождови и поплави
Најмалку 130 луѓе загинаа во јужниот дел на Индија, кој деновиве беше зафатен од поројни дождови и поплави.
Според локалните власти во сојузната држава Карнатака досега загинале 104 лица, а 26 жртви се регистрирани во Андра Прадеш.
Спасувачките екипи со чамци и хеликоптери се обидуваат да спасат повеќе стотини луѓе, кои заради обилните дождови, останаа заробени во куќите.
Метеоролозите прогнозираат нови врнежи, а во монсунскиот период во Индија, кој вообичаено трае од јуни, до крајот на септември досега загинаа 1200 луѓе./крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Фото+видео) Бизнисмен од Лос Анџелес ангажирал приватни пожарникари да го заштитат неговиот трговски центар, жителите бесни
Жителите на Лос Анџелес се бесни затоа што бизнисменот Рик Карузо потрошил илјадници долари ангажирајќи приватни пожарникари за да го заштитат трговскиот центар што го поседува, објави денеска Њујорк Тајмс.
Карузо, поранешен кандидат за градоначалник, се соочува со критики откако локалните медиуми објавија дека ангажирал приватни противпожарни екипи за да го заштити селото Палисадес, луксузниот трговски центар што го поседува.
While firefighters were running out of water…
Rick Caruso, the real estate developer and former L.A. mayoral candidate, hired private firefighters to save his upscale shopping center in Pacific Palisades on Tuesday night.
The question is: did he use public water for this? pic.twitter.com/qz7z1trl6a
— Christopher Webb (@cwebbonline) January 10, 2025
Трошоците за ангажирање приватни пожарникари може да бидат помеѓу 3.000 и 10.000 долари дневно.
One of the only things standing in Pacific Palisades is Rick Caruso’s mall
The symbolism is profound
— Shaun Maguire (@shaunmmaguire) January 9, 2025
Ова не е прв пат најбогатите жители на Лос Анџелес да користат приватни пожарникари, бидејќи риалити ѕвездата Ким Кардашијан и нејзиниот тогашен сопруг Канје Вест беа критикувани во 2018 година за ангажирање приватни пожарникари за да го спасат нивниот дом од пожарот во Вулси.
Во пожарите во Лос Анџелес и неговата околина загинаа 11 лица, а повеќе од 10.000 згради беа уништени.
Пожарите започнаа во вторникот и ја зафатија населбата Пацифик Палисадес, а досега се оштетени околу 20.000 хектари земја, додека 300.000 луѓе се евакуирани.
Европа
(Видео) Се судрија два трамваи во Стразбур: повредени најмалку 20 лица
Најмалку 20 лица се повредени при судир на два трамваи во Стразбур, во источна Франција, пренесуваат француските медиуми.
Несреќата се случила откако машиновозачот не ги почитувал знаците и завршил на погрешна пруга пред директно да се судри со неподвижен трамвај.
🚨🇫🇷BREAKING: TRAM COLLISION IN FRANCE LEAVES 20+ INJURED
2 trams collided at a station in Strasbourg, France, near the border of Germany, leaving dozens injured.
Emergency services are on site, cause is unknown.
Source: CNN, BBO, CNews
pic.twitter.com/O9yPAbma7J— Mario Nawfal (@MarioNawfal) January 11, 2025
Според првичните проценки, пет лица се тешко повредени.
Противпожарната и спасувачката служба на Bas-Rhin потврди дека бројни ресурси се мобилизирани и се на лице место.
Повеќе детали наскоро…
Свет
Зеленски тврди дека украинската армија заробила двајца севернокорејски војници во Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека армијата на земјата заробила двајца севернокорејски војници во областа Курск во Русија.
Како што јави Ројтерс, Зеленски рече дека заробените севернокорејски војници комуницираат со Службата за безбедност на Украина.
„Како и на сите воени заробеници, така и на овие двајца севернокорејски војници им е пружена потребната медицинска помош“, напиша Зеленски во објавата на платформата Х.
„Ова не беше лесна задача: руските сили и другиот севернокорејски воен персонал рутински ги егзекутираат своите ранети за да ги избришат сите докази за вмешаноста на Северна Кореја во војната против Украина“, додаде тој.
Во декември минатата година, Зеленски рече дека повеќе од 3.000 севернокорејски војници биле убиени или ранети во борбите против украинските сили во руската област Курск.
Our soldiers have captured North Korean military personnel in the Kursk region. Two soldiers, though wounded, survived and were transported to Kyiv, where they are now communicating with the Security Service of Ukraine.
This was not an easy task: Russian forces and other North… pic.twitter.com/5J0hqbarP6
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) January 11, 2025
Според Украина и САД, Пјонгјанг испратил илјадници војници во Русија за да ја засили руската армија во нејзината војна со Украина, а некои од нив биле распоредени во Курск, каде што украинските трупи ненадејно извршиле инвазија во август и зазеле дел од територијата.