Контакт

Свет

СБ – Нема гаранции за излез од кризата

Објавено пред

Претседателот на Светската банка (СБ) Роберт Зелик изјави дека не постојат гаранции оти светската економија ќе се извлече од најдлабоката рецесија

dobivaj vesti na viber

Претседателот  на Светската банка (СБ)  Роберт Зелик изјави дека не постојат гаранции оти светската економија ќе се извлече од најдлабоката рецесија во последните неколку децении.

Зелик нагласи дека и покрај некои знаци на заздравување, многу сиромашни земји и натаму трпат последици од намалениот извоз , а исто така и од помалите дознаки од своите државјани кои работат во странство, јави радиото Глас на Америка.

На конференцијата за новинари за време на годишното заседание на меѓународните финансиски институции, претседателот на СБ предупреди дека високата невработеност ги загрозува економиите на многу држави./крај/фонет/ег/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Унгарија има намера да воведе можност за одземање на државјанството

Објавено пред

Унгарската влада сака да воведе можност за привремено одземање на унгарското државјанство на одредени двојни државјани.

dobivaj vesti na viber

Соодветниот предлог закон синоќа до парламентот го поднесе владејачката партија на Виктор Орбан, јавува виенски „Ое24“.

Предлог законот, кој се очекува да биде усвоен, има за цел да им го одземе државјанството на лицата кои се окарактеризирани како закана за државата.

Според нацрт-законот, „одземањето“ на унгарското државјанство може да важи само за двојни државјани чие второ државјанство не е државјанство на земја од ЕУ, Швајцарија, Лихтенштајн, Норвешка или Исланд, пренесува Танјуг.

Одземањето на државјанството треба да биде можно, меѓу другото, доколку некое лице „дејствува во интерес на странска сила или странска организација, ги постигнува целите на странска сила или странска организација“ и на тој начин претставува „закана за јавниот ред и безбедност“ на земјата.

Предложениот закон може да влијае на унгарско-американските двојни државјани кои се ангажирани во невладини организации, пишува австрискиот весник.

Одземањето на унгарското државјанство би овозможило протерување на лице кое е класифицирано како закана за земјата.

Прикажи повеќе...

Свет

Маријани: Користејќи ги примерите на Додик и Ле Пен, ЕУ ја демонстрира смртта на демократијата

Објавено пред

Користејќи ги примерите на Мари Ле Пен и Милорад Додик, кои беа политички осудени, Европската унија ја демонстрира „смртта“ на демократијата, вели Тијери Маријани, пратеник во Европскиот парламент од Франција.

dobivaj vesti na viber

„Од Париз до Република Српска, ЕУ ја оркестрира „смртта“ на демократијата. Истите методи, истата немилосрдност – рече Маријани во видео обраќањето објавено на платформата Икс, пренесува РТРС.
Тој ја праша претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дали има некакви коментари, а потоа изјави:

„ЕУ повеќе не се плаши од авторитаризам, туку го прифаќа“.

Прикажи повеќе...

Свет

Студент во Британија и Кина со години силувал жени: се појавија уште 23 жртви

Објавено пред

Уште 23 жени се појавија во полиција со обвиненија против серискиот силувач Женхао Зу, кинески докторант кој минатиот месец беше прогласен за виновен во Лондон за дрогирање и силување на 10 жени на два континента, јавува Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

На крајот од судењето, полицијата соопшти дека има видео докази, снимени од самиот Зу, кои укажуваат дека може да има уште 50 жртви и дека се обидуваат да ги најдат тие жени. Но, сега детективите велат дека веруваат дека бројот на неговите напади е значително поголем. Зу бил обвинет и за дрогирање на жртвите и снимање на нападите, а приватните работи на жените што ги силувал ги чувал во кутија.

Двете жени кои минатиот месец дојдоа во полиција со новите наводи исто така разговараа за Светскиот сервис на Би-Би-Си. Една од нив рече дека Зу ја силувал во нејзиниот роден град во Кина, откако тој и ставил нешто во пијалокот, таа била свесна, но не можела да се движи или да зборува. Друга рече дека Зу ја дрогирал во Лондон и дека се разбудила и видела како се снима како сексуално ја напаѓа.

Би-Би-Си разговараше и со две жени чиешто сведочење помогна да се осуди Зу, кој ќе биде осуден во јуни. „Да зборував порано, можеби немаше да има толку многу жртви по мене“, вели една од нив. Таа и другите жени велат дека се борат со вината што знаеле дека Зу нападнал толку многу жени.

Една од жените кои ги изнесе новите обвинувања изјави за Би-Би-Си дека Зу ја нападнал во Лондон во 2021 година, но таа се осмелила да контактира со полицијата дури по неговото судење минатиот месец. „Не знаев дека е нешто што може да се пријави“, рече таа. Вели дека првпат го запознала Зу додека излегувала со други кинески студенти на ноќно излегување во Лондон. Сите се додадоа на WeChat, популарна апликација за пораки.

Недолго потоа, заеднички пријател ја поканил девојката на пијачка во луксузното студентско сместување на Зу во Блумсбери. На масата имаше две шишиња алкохол, вели таа, двете веќе отворени и полупразни. Почнала да пие од едното шише со пријателка, но вели дека Зу пиел само од другото.

Жртвата вели дека нејзината пријателка нормално добро поднесува алкохол, но овој пат многу брзо се опила и заспала на подот. Алкохолот брзо почнал да влијае и на неа, вели таа. „Обично, кога пиете премногу, се чувствувате добро одредено време. Но, таа вечер веднаш почнав да се чувствувам многу грозно и поспано“, се сеќава таа.

Таа рече дека оу ја уверил дека не и е безбедно да се качи сама со такси дома во таква состојба и и предложил да дремне во неговата соба. Таа се согласила, знаејќи дека нејзината пријателка се уште е во станот.

Следно што се сеќава, се разбудила и Зу ги соблекувал панталоните. „Веднаш го запрев“, вели таа, а токму тогаш ја забележала светлината од мобилниот над нејзината глава и со ужас сфатила дека ја снима.

Девојката опишува како се обидела да ја напушти неговата спална соба, но тој агресивно ја повлекол назад внатре.

Дури и кога се заканувала дека ќе вика и ќе повика помош, тој ја пуштил да си оди, а Зу потоа и рекол да не прави голема работа и да не оди во полиција.

„Сега останува на истражниот тим професионално да ги анализира доказите и приказните на овие поединечни жртви за да видиме дали можеме да идентификуваме кој бил жртва, кога и каде, а потоа да го изведеме Зу пред лицето на правдата за целосниот обем на неговите злосторства“, рече Саутворт.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ20 минути

Уапсени три лица од Кривопаланечко поради извршено кривично дело убиство

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода 24-годишниот З.Ф., 19-годишниот С.Ф. и 44-годишниот С.Ф....

Македонија27 минути

„Кој се плаши од анкетна комисија во Собранието со меѓународно надгледување“, прашува ДУИ

„Демократската унија за интеграција прашува – кој се плаши од формирање на анкетна комисија во Собранието со учество на сите...

Македонија2 часа

Од денеска нова авионска линија Скопје – Париз („Орли“)

Од денеска Скопје и официјално директно се поврзува со Париз преку новата авиолинија Скопје – Париз. Утрово, на Меѓународниот аеродором...

Македонија3 часа

Водостоите на сите реки во земјата се доста високи и таа тенденција се очекува да продолжи и во текот на денот

Според утринските податоци од хидролошките станици низ земјава, водостоите на сите реки низ земјава се доста високи и таа тенденција...

Македонија4 часа

Поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во Студеничани, Батинци, Пинтија и во Горно Лисиче

РЦУК – Скопје, известува дека поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови, дојдено е до...

Македонија6 часа

Арсовска: Ѓеоргиевски, освен со фотографирање, со друго не може да се пофали, со превенција се спречуваат поплави, не со глумење спасител

„Се излеала реката во Батинци, општина Студеничани, бидејќи општинските власти не ги чистат каналите, активност која како нивна надлежност превентивно...

Македонија6 часа

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир нормализиран

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е нормалзиран, извести АМСМ....

Македонија6 часа

Град Скопје: Одржувањето на одводните канали и коритото на Маркова Река е во директна надлежност на општина Студеничани и Министерството за животна средина

„Согласно актуелните акти на Министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот ГУП донесен во време на Коце Трајановски...

Македонија6 часа

Ѓорѓиевски во Студеничани по поплавата од излеаната Маркова Река: Механизацијата е на терен и нема опасност за населението

По добивањето на информацијата за излевањето на Маркова Река во соседната општина Студеничани, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,...

Македонија14 часа

Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд. Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку...

Македонија16 часа

Оставката на Папазов помина на владина седница

Владата ја прифати оставката на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов. Советот на општината ќе треба да назначи в.д. градоначалник на...

Македонија18 часа

„Вреди“: Посакуваме Бектеши да ја докаже невиноста, не сакаме ниту еден Албанец да биде одговорен за Кочани

Коалицијата „Вреди“ посакува ексминистерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши да ја докаже својата невиност во случајот со...

Македонија18 часа

Обезбедувачот на Мицкоски за 50.000 евра оддавал службени тајни, приведен е

За 50.000 евра откривал полициски службени тајни од истрага. Припадникот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски е во притвор. Од...

Македонија19 часа

Кочани доби ново амбулантно возило – донација од компании

Донирано е амбулантно возило за општата болница во Кочани од страна на приватни компании. Амбулантното возило е донација на „Аутомотив...

Македонија19 часа

По трагедијата во Кочани целосно се забранува употребата на пиротехниката во затворен простор

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани го менува Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Пратениците со 87 гласа „за“, без...

Македонија21 час

Нема повеќе седење дома и земање плати, потребна ни е ефикасна администрација, порача Мицкоски

„Јавната администрација не е само механизам за спроведување на законите и политиките, таа е лицето на државата, одраз на нејзината...

Македонија22 часа

Трендафилов подготвен тој и сите функционери една година да земаат плата 500 евра, но уште утре минималната да се зголеми на истиот износ

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, е подготвен една година тој и сите избрани и именувани...

Македонија22 часа

(Видео) Талески: Мицкоски не може да не знае, втор обезбедувач од неговиот круг фатен во контакт со подземјето

Оваа Влада и ДПМНЕ се очигледно сериозно вмешани во криминал, а лица од најголема доверба на премиерот во континуитет се...

Свет1 ден

(Видео) Масовни кремирањa, сè мириса на смрт во Мјанмар: преживеаните во очај, луѓето клекнати на улица и плачат

Сè послаби се надежите во Мјанмар дека ќе се пронајдат живи луѓе по разорниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтеровата...

Македонија1 ден

Во Козле, во „8 Септември“ или во странство ќе одат на рехабилитација пациентите со потешки повреди, кои следната недела ќе почнат да се враќаат

Во текот на оваа недела од лекување во странство најавено е дека ќе се враќаат пациентите што се целосно закрепнати,...