Свет
Вакцинацијата од сезонски грип отвара можност за заболување од грипот А

Луѓето што се вакцинираат против сезонскиот грип само го зголемуваат ризикот да заболат од грипот А.
Според наводите на магазинот „Фокус“, кој цитира делови на сè уште необјавеното истражување на канадските научници, со вакцинацијата против сезонскиот грип дури се удвојува опасноста да се заболи од новиот грип. Затоа, повеќето канадски покраини наводно донеле одлука нормална заштита од грипот да им се овозможи само на лицата постари од 65. години. Според германскиот вирусолог Штефан Бекер од Универзитетот во Марбург, ако овие наводи во медиумите се покажат како вистинити, тогаш ќе се промени планираниот систем на вакцинирање во Германија. Во тој случај, смета германскиот експерт, можно е граѓаните најпрво да се вакцинираат против новиот грип, а потоа против сезонскиот. Дел од научниците предупредуваат и на дејството на вакцината против грипот А на идните мајки и на неродените деца, бидејќи тоа може да биде проблематично. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Тајван го отфрла кинескиот модел „една земја, два системи“

Тајван го отфрла моделот „една земја, два системи“ што Пекинг го претстави во својата стратегија за решавање на тајванското прашање, соопшти денеска тајванското Министерство за надворешни работи.
„Само народот на Тајван може да одлучи за својата иднина“, изјави портпаролката на министерството Џоан Оу на прес-конференција во Тајпеј, пренесува Ројтерс.
Таа додаде дека Кина ја користи неодамнешната посета на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси како изговор да создаде нова нормала за да го заплаши народот на Тајван.
Вчера Кина објави Бела книга со наслов „Прашањето на Тајван и повторното обединување на Кина во новата ера“, во која се вели дека мирното обединување и „една земја, два системи“ се основните принципи за решавање на проблемот со Тајван.
Пекинг, исто така, наведува дека нема да се откаже од употребата на сила и дека ја задржува можноста да ги преземе сите неопходни мерки за заштита од надворешно мешање и сите сепаратистички активности.
Европа
Сестрата на Ким Џонг Ун: Јужна Кореја ја предизвика епидемијата со ковид во Северна Кореја

Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, која е влијателна личност во таа земја, го обвини Сеул дека ја предизвикал епидемијата на ковид во Северна Кореја и се закани со „одмазда“, објавија државните медиуми.
Ким Јо Јонг ги упати обвинувањата на денот кога Пјонгјанг прогласи „победа“ над болеста.
Таа, исто така, го осуди испраќањето на пропагандни летоци со балони од Јужна Кореја и го нарече чинот злосторство против човештвото, објави официјалната новинска агенција „KCNA“.
Пјонгјанг претходно објави дека чудните работи во близина на границата со Јужна Кореја предизвикале епидемија на коронавирус.
Овие тврдења беа отфрлени од Сеул.
Свет
Состанок на наркобосови во Мексико предизвика крвопролевање

По воена акција насочена кон состанок на газдите на мексиканските нарко картели, членовите на картелите почнале да се борат меѓу себе, дивеат и палат возила, предизвикувајќи хаос во државите Халиско и Гуанахуато, соопштија денеска локалните власти.
Во соопштението се наведува дека еден осомничен криминалец е убиен, а неколкумина уапсени по конфузијата и хаосот во Халиско и Гуанахуато, двете мексикански држави каде насилството е најизразено.
„Очигледно е организирана средба на две банди. „Дојдоа воени единици, што доведе до судири и апсење на нарко босовите присутни на состанокот“, изјави претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор за новинарите, без да ги именува уапсените“ – пренесува порталот „Франс 24“.
Возилата биле оставени запалени за да ги блокираат патиштата во Халиско, дел од тактиката што ја користеа членовите на моќниот картел Нова генерација Халиско за да спречат апсење на неговите членови и пристигнување на воено или полициско засилување.
Инцидентите го натерале американскиот конзулат во Гвадалахара да издаде безбедносна тревога за американските граѓани кои живеат во областа, советувајќи ги да бараат безбедно засолниште.