Контакт

Свет

Доделена Нобеловата награда за хемија

Објавено пред

Американците Венкатраман Рамакришнан и Томас Штајц, како и Израелската Ада Јонат, се овогодинешните добитници на Нобеловата награда за хемија

dobivaj vesti na viber

Американците Венкатраман Рамакришнан и Томас Штајц, како и Израелската Ада Јонат, се овогодинешните добитници на Нобеловата награда за хемија, соопштено е е денеска во Стокхолм.

Двајцата Американци и Израелката ја добијата Нобеловата награда за хемија вредна 1,4 милиони долари за нивниот труд за објаснување на структурата и функционирањето на рибозомот, што има важни импликации врз развојот на нови антибиотици, соопшти Одборот за доделување на наградата.

„Со оглед дека рибозомите се клучни за животот, тие се главна цел на новите антибиотици“, соопшти Одборот./крак/х/ег/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Володин: Санкциите против Русија се покажаа како неефикасни и се вратија како бумеранг во Европа и Америка

Објавено пред

Санкциите против Русија се покажаа неефикасни. Се вратија како бумеранг и ги погодија Европа и Америка, изјави претседателот на руската Дума, Вјачеслав Володин.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Думата посочи и дека развојот на глобалната економија не може да се замисли без Русија.

Тој посочи дека странските економисти ги ревидираат проценките за БДП на Русија за оваа година.

Истовремено, тие заклучуваат дека падот ќе биде за две третини помал отколку што претходно предвидуваа.

– Во исто време, ситуацијата во однос на САД и земјите од ЕУ е сосема поинаква: аналитичарите даваат полоши прогнози и предвидуваат пад на БДП два квартали по ред – заклучи Володин.

Да потсетиме, откако Русија на 24 февруари почна специјална воена операција со цел денацификација и демилитаризација на Украина и заштита на граѓаните на Донбас, Западот воведе невидени санкции против Русија, пренесе Новости.рс.

Прикажи повеќе...

Свет

Седум лица се повредени во бомбашки напади во Тајланд

Објавено пред

Седум лица се повредени во повеќе координирани напади на 17 локации во јужен Тајланд, соопштија властите.

dobivaj vesti na viber

Нападите со бомби и подметнати пожари се случиле по полноќ, а цел биле продавници и бензински пумпи во три провинции, соопшти војската и полицијата, пренесува „Ројтерс“.

Денешните напади уследија откако тајландската влада ги продолжи разговорите со главната бунтовничка група Barisan Revolusi Nasional претходно оваа година, по двегодишна пауза поради пандемијата на коронавирус.

Прикажи повеќе...

Свет

Палестинскиот претседател го обвини Израел за холокаустот врз неговиот народ

Објавено пред

Палестинскиот претседател Махмуд Абас вчера предизвика бес кога го обвини Израел дека извршил „холокауст“ врз Палестинците, говорејќи на прес-конференција во Берлин со германскиот канцелар Олаф Шолц. На заедничката прес-конференција Абас рече дека „Израел извршил 50 масакри на 50 палестински локации од 1947 година. Потоа додаде „50 масакри, 50 холокаусти“.

dobivaj vesti na viber

Забелешките на Абас беа одговор на новинар кој праша дали ќе му се извини на Израел на 50-годишнината од нападот на палестинските терористи врз израелските спортисти на Олимписките игри во Минхен во 1972 година, во кој загинаа 10 израелски спортисти и тренери и еден германски полицаец.

Шолц ги слушаше изјавите на Абас со израз на загриженост и навреденост, но веднаш не одговори. Неговиот портпарол Штефен Хебестрајт ја прогласи прес-конференцијата за завршена веднаш по одговорот на Абас, кој претходно беше најавен како последно прашање.

Хебестрејт потоа рече дека Шолц бил огорчен од изјавите на Абас. „Особено за нас Германците, секое релативизирање на холокаустот е неподносливо и неприфатливо“, изјави Шолц подоцна за германскиот таблоид „Билд“.

Реагираше и израелскиот премиер Јаир Лапид. „Махмуд Абас на германско тло го обвинува Израел дека извршил ’50 холокаусти’, што не само што е морален срам, туку и монструозна лага“, напиша Лапид. „Шест милиони Евреи беа убиени во холокаустот, вклучително и еден и пол милион еврејски деца“, напиша Лапид, додавајќи дека „историјата никогаш нема да му прости“, пренесе Индекс.хр.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Не е пријатно, но провокации имало секогаш, рече Маричиќ за исвиркувањето на македонскиот јазик на забавата за Рамковниот договор

На вицепремиерот Бојан Маричиќ не му било пријатно кога чул како група граѓани на прославата за Рамковниот договор ја исвиркаа...

Македонија40 минути

Таравари бара формирање техничка влада

Потпреседателот на Алијанса за Албаниците и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари бара итно формирање на техничка влада. Во објава на...

Македонија50 минути

Каде и да сме, мора да бидеме горди дека сме родени во Македонија, порача Стојменова, која стана министерка во словенечката влада

Емилија Стојменова Дух, доктор на науки и вонредна професорка на Електротехничкиот факултет во Љубљана, од неодамна е министерка за дигитализација...

Македонија1 час

Деветнаесет пожарникари се справувале синоќа со штетите од невремето кое го погоди Неготино

Тринаесет пожарникари со 3 противпожарни возила од ТППЕ Неготино и 6 пожарникари со 2ПП возило и 2 пумпи за испумпување...

Свет2 часа

Шолц: Војната е на Путин, а не на рускиот народ

„Граѓаните на Русија не ја почнаа војната, но мора јасно да кажеме дека ја поддржуваат“, изјави во понеделникот вечерта финската...

Европа3 часа

(Видео) Шумски пожар зафати патнички воз во Шпанија, патниците скокале од вагонот, повеќе од 20 луѓе се повредени

Повеќе од 20 патници се здобиле со изгореници откако скокнале од воз кој бил зафатен од шумски пожар во близина...

Свет3 часа

Жена од Саудиска Арабија е осудена на 34 години затвор поради користење Твитер

Салма ал Шебаб (34) е осудена на 34 години затвор бидејќи користела Твитер за да ги следи неистомислениците и активистите,...

Свет3 часа

Алигатор убил жена откако не сакајќи паднала во езеро додека работела

88-годишна жена е убиена од алигатор откако случајно паднала во езеро додека работела во градината на заедница на постари лица,...

Свет3 часа

Северна Кореја лансираше две крстосувачки ракети

Денеска Северна Кореја најверојатно тестирала две крстосувачки ракети кон Жолтото Море, изјави јужнокорејски воен претставник, а пренесува „Јонхап“. Лансирањето се...

Свет3 часа

Бајден го потпиша Законот за климата вреден 430 милијарди долари

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја потпиша сметката од 430 милијарди долари, која се смета за најголем пакет климатски мерки во...

Македонија16 часа

(Видео) Невреме во Неготино – паднати дрвја, бандери, поплавени дуќани и автомобили

Големото невреме кое денеска го зафати Неготино зад себе остави паднати дрвја, бандери, поплавени дуќани и автомобили. Силниот ветер носел...

Топ17 часа

Скопјанка киднапирала бебе во ГТЦ и со такси го однела во Ѓорче Петров

Денеска полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот...

Македонија20 часа

Вилма Русковска е суспендирана, дисциплинска за уште две обвинителки

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска добила решение за суспензија.  Според информации на „Макфакс“, одлуката е...

Македонија22 часа

Обвинителството ќе го испитува регистрирањето на бугарските здруженија во Македонија

Основното јавно обвинителство Охрид денеска по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата...

Македонија22 часа

ВМРО-НП: Тие што гласно се чудат да се прашаат зошто некој манипулирал и ги учел со лажни податоци

ВМРО-Народна партија го поздравува напредокот на двете историски комисии како чин на позитивниот пат на Северна Македонија кон Евро-атланската интеграција....

Економија22 часа

Од септември мерки за штедење на струја, државните институции ќе мора да ги намалат сметките за 15 отсто

Државните институции од септември ќе мора да ги намалат сметките за електрична енергија за 15 отсто во однос на истиот...

Македонија23 часа

Регистрирани 590 нови случаи на коронавирус, починаа 2 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.593 тестови,...

Македонија1 ден

Бугарските историчари прогласија победа: „Ќе продолжиме да ги браниме позициите и за јазикот, браќата Миладиновци и Гоце Делчев“

Двегодишната битка за одбрана на позицијата на Бугарија во историските спорови со Северна Македонија ја достигна првата победа. Ова се...

Регион1 ден

Ќе требаат нови операции за децата повредени во автобуската несреќа во Бугарија

Двете повредени деца, кои вчера од Стара Загора беа пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија, сè уште се во тешка...

Македонија1 ден

Демократски сојуз: Грешки со историски димензии

Демократскиот сојуз предупредува на процес на сечење на македонските корени преку заедничката комисија за историски и образовни прашања, со што...