Свет
Лисабонскиот договор ратификуван во Полска

Полскиот претседател Лех Качински во сабота во Варшава на посебна свеченост го потпиша Лисабонскиот договор
Полскиот претседател Лех Качински во сабота во Варшава на посебна свеченост го потпиша Лисабонскиот договор.
Со ова, во Полска е завршена постапката на ратификација на новиот европски договор, со кој се отвора можност за проширување на унијата.
Качински на потпишувањето во Варшава ги покани највисоките претставници на ЕУ и тоа претседавачот со унијата шведскиот премиер Фредрик Реинфелд, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и првиот човек на Европскиот парламент Јержи Бузек.
За целосната ратификација на Лисабонскиот договор во сите 27 држави членки потребен е уште потпис на чешкиот претседател Вацлав Клаус, кој е познат евроскептик. /крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зголемувањето на царините е автогол од страна на Кина, вели министерот на Трамп

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, изјави дека објавата на претседателот Доналд Трамп за зголемување на царините за Кина на 125 отсто е поради нивното инсистирање на ескалација.
„Како што постојано велам, а и претседателот Трамп повторува со години, Кина е најнеурамнотежената економија во историјата на современиот свет, и тие се најголемиот извор на трговските проблеми на САД. А всушност, тие се проблем и за остатокот од светот, затоа што она што го видовме е дека, откако САД ја објавија царинската бариера минатата недела, многу од тие производи веќе почнаа да навлегуваат во Европа,“ рече Бесент.
Сепак, министерот за финансии инсистираше дека САД не се вклучени во трговска војна, и покрај растечката несигурност додека Кина и САД си наметнуваат сè повисоки царини едни на други.
„Јас не го нарекувам тоа трговска војна, но велам дека Кина ја ескалираше ситуацијата, а претседателот Трамп многу храбро одговори на тоа, и ќе работиме на решение со нашите трговски партнери,“ рече Бесент.
Тој посочи на тековните преговори со други земји, вклучувајќи ги Виетнам, Јапонија, Јужна Кореја и Индија.
Зголемувањето на царините го нарече автогол од страна на Кина.
САД претходно ја зголемија царината за Кина на 104 отсто, по што Кина брзо одговори со објавување на царина од 84 отсто за увозот од САД.
Претходно денес, Трамп ги стопира царините на 90 дена за сите освен за Кина, за која ги зголеми на 125 отсто.
Свет
Бесент ја пофали преговарачката моќ на Трамп поради одлуката за 90-дневна пауза на царините

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент ја опиша 90-дневната пауза на претседателот Доналд Трамп на царините како победа и сигнал за преговарачката моќ на Трамп, велејќи дека потегот е резултат на огромниот одговор од американските сојузници. Тој го отфрли наводите дека одлуката е поништување.
„Не, претседателот Трамп си создаде максимално преговарачка предност за себе“, им рече тој на новинарите во средата.
„Бевме едноставно преплавени, преплавени од реакциите, најмногу од нашите сојузници, кои сакаат да дојдат и да преговараат со добра волја.“
„Очекуваме да дојдат со нивниот најдобар договор“, додаде тој.
Притиснат повторно за тоа што доведе до паузата и дали големата нестабилност на пазарите имала влијание врз одлуката, Бесент сугерира дека тоа е директен резултат на повеќе од 75 земји кои дошле во Белата куќа да преговараат и дека станува збор за процес што бара време за да се склучи секој договор.
„Тоа е едноставно проблем во процесирањето. Секое од овие решенија ќе биде по мерка. Ќе одземе некое време. А претседателот Трамп сака лично да биде вклучен, па затоа ја имаме оваа пауза од 90 дена,“ рече тој.
„Тоа беше одлука на претседателот – да почека до денес. … Никој не создава преговарачка предност за себе како претседателот Трамп,“ рече тој.
Свет
Белата куќа вели дека стратегијата за царините е дел од „уметноста на преговарање“ на Трамп

Прес секретарот на Белата куќа, Каролин Левит, ја отфрли загриженоста за одлуката на претседателот Доналд Трамп да воведе широко распространети царини на прво место, велејќи им на новинарите дека тоа е тактика за преговори, бидејќи пазарите сега реагираат на 90-дневната пауза.
„Многу од вас во медиумите очигледно ја промашиле уметноста на преговарањето. Очигледно не успеавте да видите што прави претседателот Трамп тука“, рече таа пред Белата куќа заедно со министерот за финансии Скот Бесент, пренесува „Си-ен-ен“.
„Уметност на преговарање“ се однесува на книгата на Трамп, „Трамп: Уметност на преговарање“, за неговата бизнис кариера.
Левит, исто така, ја критикуваше загриженоста дека царините за сојузниците ќе ги притиснат земјите поблиску до Кина.
„Всушност, видовме спротивен ефект. Целиот свет ги повикува Соединетите Американски Држави, а не Кина, бидејќи им требаат нашите пазари, им требаат нашите потрошувачи и им треба овој претседател во Овалната соба да разговара со нив“, рече таа.
Прес секретарот тврди дека повеќе од 75 земји ги повикале САД да преговараат. Царините стапија на сила веднаш по полноќ.