Свет
Јапонска компанија ќе гради траект „на струја“
Јапонскиот индустриски концерн IHI, најави дека планира да изгради прв траект на светот што во целост ќе се движи на електричен мотор.
Јапонскиот индустриски концерн IHI, најави дека планира да изгради прв траект на светот што во целост ќе се движи на електричен мотор.
Бродот, долг 30 метри со капацитет од 800 патници би требало да го види светлото на денот во 2015 година, кога литиум јонските батерии од висока изработка што се полнат ќе бидат подостапни, соопшти IHI.
Тоа ќе биде првиот голем бродски мотор на полнење во светот, што воопшто нема да ја загадува околината, соопшти компанијата.
Батериите што би се користеле би имале вкупен капацитет од пет илјади киловати на час, што е над 300 пати појак од оние на малите електрични автомобили. Бродот без полнење ќе може да преплови 120 километри. Еколошкиот траект би требало да чини приближно 60 отсто повеќе од класичниот модел./крај/хи/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.