Свет
Од дрвокрадците не се гледа шумата
Нелегалното сечење дрвја се заканува да ги сотре македонските шуми. Според проценките на ЈП “Македонски шуми”, годинава нелегално ќе бидат исечени околу 50.000 кубни метри дрва.
Нелегална сеча на огревно дрво
Нелегалното сечење дрвја се заканува да ги сотре македонските шуми. Според проценките на ЈП “Македонски шуми”, годинава нелегално ќе бидат исечени околу 50.000 кубни метри дрва. Раководството на ова претпријатие вчера призна дека дрвокрадството во Македонија е добро организирана мафија и оти “на нелегалните активности не се имуни ниту нивните вработени”.
– За чување на шумите се ангажирани околу 500 луѓе. Поставени се 83 контролни пункта на местата што се сметаат за жаришта на дрвокрадството, плус пет пункта на регионалните патишта. Ја зголемивме и внатрешната контрола и соработката со Министерството за внатрешни работи, но далеку сме од сузбивање на оваа појава. Си имаме работа со доброорганизирани групи, за кои дрвокрадството е вносен бизнис – вели Аце Ѓурчевски, директор на претпријатието.
Тој соопшти дека деветмина вработени во “Македонски шуми” веќе се избркани од работа, а за петмина се води дисциплинска постапка, откако биле фатени дека соработуваат со дрвокрадците.
“Дневник” неодамна беше сведок како се крадат дрва од Липковскиот регион. Дрвата се пренесуваа со трактори, а на патот до Куманово се движеа слободно, пред очите на локалните жители и на сообраќајната полиција.
– Не може херметички да се затворат сите патишта до шумите. Ние разговаравме со жителите на Липково, кое е едно од жариштата. И тамошните жители се свесни за штетноста на соголувањето на нивните шуми и самите бараат тоа да се спречи. За дрвокрадството ги обвинуваат селаните од Скопскиот регион – објаснува Ѓурчевски.
Во претпријатието за еден од главните проблеми ги сметаат неажурноста на судството и лошата казнена политика:
– Предметите за крадење дрва застаруваат по судовите. Од 2.700 пријави поднесени годинава, досега не се решени ниту половина. Судот во Тетово е рекордер, со само 2 отсто решени предмети, а покрива еден од регионите со најмногу диво сечење на шумите. Изречените казни за завршените предмети се смешни, и наместо да го спречуваат, го охрабруваат нелегалното сечење дрва. Казните се до 10.000 денари, а добивката што се остварува е многу поголема.
(С.К.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

