Свет
Нов ултиматум за итно повлекување на Сирија од Либан
Специјалниот пратеник на Обединетите нации Терје Роед-Ларсен ќе му упати ултиматум на сирискиот претседател Башар ал-Ашад за итно повлекување од Либан, пишува денеска “Вашингтон пост“.
Специјалниот пратеник на Обединетите нации Терје Роед-Ларсен ќе му упати ултиматум на сирискиот претседател Башар ал-Ашад за итно повлекување од Либан, пишува денеска “Вашингтон пост“. “Ако не се почитуваат датумите, Сирија ќе биде целосно политички и економски изолирана. Постои цврст консензус во Меѓународната заедница“, изјави високиот претставник на ОН./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пакистан: Тројца бомбаши-самоубијци го нападнаа седиштето на паравоените сили
Тројца бомбаши-самоубијци денес го нападнаа седиштето на паравоените сили во Пешавар, при што загинаа три припадници, а најмалку петмина беа ранети, пренесе „Ројтерс“. Напаѓачите прво отвориле оган на влезот, а потоа се разнеле во кругот на комплексот на граничната полиција.
Полицијата соопшти дека напаѓачите се пробиле во објектот по првичната престрелка. Областа е блокирана од армијата и полицијата, а според локални извори се сомнева дека во комплексот можеби има уште напаѓачи. Ранетите, меѓу кои и двајца припадници на паравоените сили, се пренесени во болница.
Нападот се случува во време на зголемена активност на исламистички милитанти во регионот, по смртоносните погранични судири меѓу Пакистан и Авганистан минатиот месец. Досега ниту една група не презеде одговорност.
Свет
Германскиот канцелар: Русија мора да се врати на преговарачка маса
Русија мора да учествува во разговорите за мировниот план за Украина за тој воопшто да има шанса, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц на самитот ЕУ–Африканска унија во Луанде.
„Русија мора да биде присутна на масата. Ако тоа се оствари, секој напор би бил оправдан, а во спротивно, ќе треба да се удвојат напорите“, рече Мерц.
Берлин го поздрави напредокот постигнат во Женева врз основа на американскиот мировен нацрт од 28 точки, првично оценет како премногу наклонет кон Москва. Мерц нагласи дека Европa мора да го одобри секој дел од идниот договор што се однесува на нејзината безбедност.
По неделните разговори во Женева, САД и Украина изработија нова, ревидирана верзија на мировната рамка за која велат дека целосно ја почитува украинската сувереност. Почетниот план на Доналд Трамп содржел повеќе руски барања, меѓу кои територијални отстапки, намалување на украинската војска и откажување од членство во НАТО, со западни безбедносни гаранции за Киев.
Регион
Загрепскиот Вјесник ќе се руши поради нестабилна конструкција по пожарот
Потпретседателот на Владата и министер за простор, градителство и државeн имот, Бранко Башиќ со претставници на Град Загреб и стручњаци од Хрватскиот центар за сеизмичко инженерство соопшти дека култниот загрепски небодер Вјесник ќе се руши поради небезбедна конструкција.
Башиќ изјави дека извештајот на стручњаците укажува на сериозни статички оштетувања и опасност од урнување поради што ќе се изработи проект за уривање, а потоа ќе следи јавна набавка и самиот процес на рушење. Славонска авенија и подвозникот остануваат затворени до отстранување на објектот.
Стручњакот Марио Урош од Центарот за сеизмичко инженерство предупреди дека конструкцијата е делумно нестабилна поради оштетувањата од пожар, пукнатини и отпаѓање на елементи. Според него, потребно е итно уривање бидејќи опасноста со текот на времето расте.
Владата најави дека ќе се утврдат роковите за рушење и дека потоа ќе се уредува просторот на поранешниот Вјесник, со можен архитектонски конкурс. Стручните служби и полицијата ќе извршат увид, но екипите нема да престојуваат подолго во објектот поради ризикот.

