Свет
Бил Клинтон в недела во Приштина

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон в недела ќе пристигне во посета на Приштина, каде ќе присуствува на откривање на статуа со неговиот лик.
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон в недела ќе пристигне во посета на Приштина, каде ќе присуствува на откривање на статуа со неговиот лик.
Статуата ќе биде поставена во булевар кој исто така го носи неговото име, изјави косовскиот премиер Хашим Тачи, кој појасни дека Клинтон доаѓа во посета на Косово на негова покана.
„Клинтон е секогаш добредојден на Косово, бидејќи се работи за личност која во глобални рамки направи многу за Косово“, изјави Тачи.
Тој истовремено ги повика граѓаните на Косово масовно да излезат и да го пречекаат Клинтон. /крај/бе/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Принцот Хари остана без телохранител, ја загуби правната битка и сега мора да плати речиси 2 милиони евра

Принцот Хари ја загубил правната битка за заштита при неговите идни посети на Велика Британија, која би била платена на сметка на британските даночни обврзници, објави весникот „Дејли мејл“.
Хари сега мора да плати вкупно околу 1,74 милиони евра судски трошоци.
Принцот тврдеше дека му била ускратена соодветна заштита откако се повлече од кралските должности, настан познат како „Мегзит“.
Неговите адвокати тврдеа дека неговиот живот е во опасност поради немањето соодветна заштита.
Принцот Хари го тужеше Министерството за внатрешни работи, кое одлучи да му даде пониско ниво на заштита додека е во Британија.
Одлуката дека на принцот не му е потребна заштита ја донело телото за заштита на кралското семејство, Равец, кое смета дека на принцот не му е потребна заштита како во периодот пред да ги напушти кралските должности.
Хари присуствуваше на сослушувањето, а сега се соочува со можност да поднесе жалба на новата пресуда до Врховниот суд на Обединетото Кралство.
Свет
Украинскиот парламент на 8 мај ќе гласа за ратификација на договорот за минерални суровини

Украинскиот парламент на 8 мај ќе одржи гласање за ратификација на договорот за рудно богатство потпишан со Соединетите држави на почетокот на оваа недела, изјави претставникот Јарослав Железниак.
На два од документите поврзани со договорот нема да им треба одобрување од парламентот.
Вашингтон и Киев во средата потпишаа договор со кој на САД ќе им се обезбеди повластен пристап до нови инвестиции во експлоатација на природните ресурси на Украина, како и финансирање на инвестиции во обновата на Украина.
Свет
Тимот на Трамп подготви опции за зголемен притисок врз Москва

Американските власти подготвија голем број опции за зголемување на економскиот притисок врз Русија, бидејќи Владимир Путин сè уште одбива да се согласи на прекин на огнот, според извори запознаени со ова прашање.
Извори кои разговараа за Блумберг забележуваат дека Доналд Трамп се уште не донел конечна одлука и дека дипломатските напори се уште траат. Детали за можните мерки не се соопштени.
Киев и неговите сојузници веќе некое време ги повикуваат САД да го зголемат притисокот врз Москва, вклучително и проширување на санкциите за рускиот енергетски сектор и приходите од нафта, за да го принудат Путин да преговара.