Свет
Мадоф не проневерил 13, туку 21 милијарда долари
Американскиот инвеститор Бернард Мадоф, осуден на 150 години затвор поради пирамидална измама, е одговорен за проневера на 21,2 милијарди долари, а не на 13 милијарди, како што до неодамна се веруваше.
Американскиот инвеститор Бернард Мадоф, осуден на 150 години затвор поради пирамидална измама, е одговорен за проневера на 21,2 милијарди долари, а не на 13 милијарди, како што до неодамна се веруваше.Ова го откри соработникот на Мадоф, Ирвин Пикард, кој имал увид во пирамидалната шема со која биле злоупотребени бројни инвеститори од светот.Мадоф во тек на 15 години управувал со инвестиционен фонд во кој 13.555 инвеститори вложиле 64,8 милијарди долари. Фондот не ги вложувал своите средства на пазарот, туку ги чувал на банкарски сметки и делувал како финансиска пирамида. Побарувањата на старите вложувачи биле исплаќани со пари од новите вложувачи.На оштетените вложувачи, до сега им е исплатена оштета од околу половина милијарда долари./крај/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

