Свет
Украина ги затвори сите училишта поради Х1Н1
Украина ги затвори сите училишта поради грипот Х1Н1, соопшти в петок украинската премиерка Јулија Тимошенко додавајќи дека се откажуваат и сите јавни собири во државата.
Украина ги затвори сите училишта поради грипот Х1Н1, соопшти в петок украинската премиерка Јулија Тимошенко додавајќи дека се откажуваат и сите јавни собири во државата.
„Од денеска сите училишни установи во Украина, јавни и приватни, одат на тронеделен распуст“, рече Тимошенко на почетокот на вонредната седница на министерскиот совет посветен на епидемијата која што се шири во државата.
Владата во текот на овој ден ќе донесе „одлука за откажување на сите јавни собири, концерти и кинопретстави во наредните три недели“, додаде Тимошенко.
Таа посочи дека ќе биде воведена посебна регулација на сообраќајот за да се ограничи движењето на граѓаните од еден регион во друг, без нужна потреба.
Тимошенко, по седницата ќе го посети Тернопил, во западна Украина, каде што се забележани први смртни случаи од грипот Х1Н1 во државата./крај/хи/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанската влада ги забрани воените активности на Хезболах
Либанската влада денеска ги забрани воените активности на Хезболах, откако организацијата отвори оган врз Израел, наведувајќи дека станува збор за одмазда за убиството на иранскиот врховен водач.
Израел претходно изврши воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут под контрола на Хезболах и врз други делови на Либан, како одговор на напад со дрон и ракети. Според либанското Министерство за здравство, во нападите загинале 31 лице.
По седницата на владата, премиерот Наваф Салам изјави дека државата ги отфрла сите воени дејства што се спроведуваат од либанска територија надвор од легитимните институции. Тој посочи дека активностите на Хезболах се незаконски и дека организацијата треба да го предаде оружјето на либанската држава.
Фото: Depositphotos
Свет
Иран ги затвори училиштата
Сите образовни установи во Иран ќе бидат затворени до крајот на март, а наставата ќе се одвива онлајн, објави новинската агенција Тасним.
Портпаролот на Министерството за образование изјавил дека мерката е воведена како одговор на „воената агресија на ционистичкиот режим со поддршка од САД“.
Одлуката ќе важи до крајот на персиската календарска година, односно до 21 март.
Фото: Depositphotos
Свет
Израелската војска повика на итна евакуација во јужен Бејрут
Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа обемен налог за евакуација на делови од јужен Бејрут, додека продолжуваат нападите врз цели на Хезболах во Либан.
Во објава на платформата Икс, портпаролот на ИДФ, Авихај Адраеи, наведе дека лицата во зоната за евакуација се наоѓаат во близина на „објекти и интереси поврзани со Хезболах“.
„Поради ваша безбедност и безбедноста на членовите на вашето семејство, мора веднаш да ја евакуирате оваа зграда и соседните објекти и да се оддалечите од нив на најмалку 300 метри“, се наведува во пораката.
Фото: Depositphotos

